Пожар во близина на бензинска пумпа во Кочани: Изгореа три автобуси и комбе - Канал 5

Пожар во близина на бензинска пумпа во Кочани: Изгореа три автобуси и комбе

Страшна глетка ги пречека жителите на Кочани доцна синоќа – избувнал пожар во близина на бензинска пумпа. Штетата е огромна, но за среќа нема повредени.

Пожар во близина на бензинска пумпа во Кочани: Изгореа три автобуси и комбе

Според Скопје 1, ноќеска околу 2:30 часот изби пожар на плац веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, на излезот од Кочани, при што целосно изгореа три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.

Како што информира МВР, пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Штип, а за среќа нема повредени лица.

Во текот на денот ќе се изврши увид од екипа на ОВР Кочани за да се утврдат причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка

Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-иот конгрес, на кој партијата ги дефинира идните политички насоки и приоритети на партијата.. 

СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка

Во фокусот е усвојувањето на нова идеолошка платформа и програмска рамка.

Конгресот во Скопје го следи Јана Јосифоска.

Јана, што се очекува да произлезе од собирот на социјалдемократите како финален документ?

Во видеото погледнете го целиот извештај

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓаните

Се зголемува интересот за производи базирани на медицински канабис. темата која пред десет години беше табу тема, денес е нашироко позната меѓу граѓаните, вели во интервјуто за Канал 5, Душан Пецовски, генерален директор на „РЕПЛЕК“. 

Пецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓаните

Посебно е важно што РЕПЛЕК отвори „КА“ -информативен центар каде што граѓаните може да добијат и бесплатни стручни совети за употребата на производи со медицински канабис.. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со него.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид

На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид.

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид

На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид – истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николкоски.

Ова според Николовски ќе значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу охридското крајбрежје..

Денеска од Охрид, каде изврши и увид во реконструкција на аеродром Св.Апостол Павле истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројка од 3,5 милиони патници на годишно ниво....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер