Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда

Превентивно евакуирани населба, болница и училиште.

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа. /МИА

Муртезани: Најдлабоко сочувство до сите погодени во оваа трагедија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани.

- Денeшниот ден се раздени со на жалосната вест за трагичната несреќа во Кочани каде згаснаа живототите на 51 лица. Моето најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа голема трагедија. Стоиме покрај нив во овие тажни моменти со верба дека ќе ја најдеме потребната сила и трпение да ја надминеме оваа голема болка што не зафати сите денес, наведува Муртезани во објава на Фејсбук.

Според последните информации, 51 лице загина, а 152 се хоспитализирани во пожарот што изби во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Рама: Сочувство на браќата и сестрите од Македонија за големата трагедија во Кочани

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош.

- Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна загуба. Исто така, во име на Албанија и Албанците го пренесувам моето сочувство до премиерот Мицковски и властите на соседната земја, изразувајќи ја нашата подготвеност за каква било помош што е потребна, напиша Рама на Х.

Амбасада на Швајцарија изрази сочувство за трагедијата во Кочани

 Шокирани сме и длабоко тажни од веста за трагичниот настан во Кочани, соопшти Амбасадата на Швајцарија во земјава.

- Нашите мисли се со семејствата на жртвите. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, се вели во објавата на Х потпишана од амбасадорката Вероник Улман.

притисни ентер