Пожар им уништи сѐ- семејство остана без кров над главата поради верверичка - Канал 5

Пожар им уништи сѐ- семејство остана без кров над главата поради верверичка

Семејство од Флорида се соочува со загубата на својот дом, кој беше уништен во пожар.

Пожар им уништи сѐ- семејство остана без кров над главата поради верверичка

Дони Банта и Стејси Дејвис, заедно со нивните деца и домашни миленици, спиеле во куќата кога пожарот, вечерта на 31 јануари, го зафатил таванот, објави „Пипл“..

„Хаотично бегство“

„Го слушнав фитилот како се исклучил и станав да видам што се случува. Потоа слушнав шушкање од таванот и го почувствував пожарот. Ги разбудив сите и излеговме надвор“, рече Дони.

Стејси го опиша бегството на семејството за локалните медиуми како „хаотично“.

„Сите само се обидувавме да ги собереме нашите работи, да ги разбудиме децата и да ги изнесеме надвор“, рече таа.

Кога пожарникарите пристигнаа, семејството дозна дека пожарот е предизвикан од верверица.

„Ни кажаа дека влегла во таванот, ги гризнала жиците и предизвикала краток спој. Така започнало сè“, објасни Дони.

Фотографиите од уништениот дом, вклучувајќи го и урнатиот покрив, беа објавени на страницата GoFundMe што ја поставија Грег и Џини Гарнер. Тие го опишаа инцидентот како „разорен за семејството“.

„Кровот беше срушен и речиси сè што поседуваа беше уништено. За среќа, семејството е безбедно, но сега се соочуваат со огромниот предизвик да почнат одново“, се вели во соопштението.

Семејството се опоравува од трагедијата и бара помош од заедницата за обнова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер