Повторно се подгреваат надежите за добивање датум за преговори со ЕУ

Новоизбраниот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, кој наредната недела ќе ја посети Македонија вели дека блокадата на преговорите во ЕУ ја освести европската јавност за важноста на ова прашање. 

Тој прв пат посетува земја надвор од Европската унија

Сасоли во интервју за МИА вели дека „Перспективата за членство не е мртва, туку е пожива од што била претходно“. Според него моторот на ЕУ се граѓаните, а не само лидерите. Француското вето на последниот самит е само мала пречка на патот која ќе се надмине во наредните месеци.

-Знаеме дека во моментов има националистички искушенија кои играат против ЕУ, но мислам дека во Македонија про-европските сили се мнозинство и дека мнозинството од населението ја разбира ситуацијата. Ова не е време да се губи надеж. Европскиот Парламент, Комисијата и мнозинството земји веќе се убедени, тоа што треба сега е напор за да ја убедиме другата страна и ова мора заедно да го сториме вели Сасоли .

Според него наредните шест месеци ќе бидат многу важни за земјава , треба да стигнеме на самитот во Загреб со консензус од европска страна.

Европската иницијатива за стабилност објави документ во кој се сугерира дека приближувањето на балканските земји кон ЕУ треба да биде по модел на Норвешка. Тоа значи дека земјите од регионот би имале поголеми економски привилегии за напредок со реформите, додека формалното влегување во ЕУ ќе биде нешто на што ќе се чека. Според ЕСИ, ова, сепак, е подобар пат од сегашниот.

Сараевски „Дневни Аваз“ по тој повод пишува дека ЕУ разгледува нов пристап за прием на државите од регионот, така што земјите би биле враќани на „поправен“. Праксата на „буткање“ или враќање еден или повеќе чекори назад би се применувала за секоја земја во регионот,

Овој концепт го „туркаат“ група држави каде предводи Франција, додавајќи дека „тие со право укажуваат дека процесот за проширување, кој се спроведува досега, е во целосен ќорсокак“.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер