Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје
2Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје
БалканПовторно пукање во близина на Ново Место во СловенијаНа местото на настанот биле испратени неколку полициски патроли, припадници на специјалната полициска единица и полициската специјална единица. Во тек е интензивна истрага.По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и владини претставници кои презентираа мерки за борба против криминалот и „Законот на стрелецот“ по бруталниот напад во саботата во тој град, а по која се собра огромна толпа луѓе на плоштадот пред општинската зграда на протестен митинг, во ромската населба Жабјак се слушнаа истрели. Пукањето во Жабјак беше потврдено за Н1 Словенија од страна на Полициската управа Ново Место. Како што објаснија, кратко пред 20:30 часот, добиле неколку повици на бројот за итни случаи 113 за пукање во населбата - се слушнале неколку единечни и рафални истрели. На местото на настанот биле испратени неколку полициски патроли, припадници на специјалната полициска единица и полициската специјална единица. Во тек е интензивна истрага. Полицијата во моментов нема информации дали некој е повреден во пукањето. Според градоначалникот на Ново Место, Грегор Македонија, имало наплив на пукање на отворено не само во Жабјак, туку и во друга ромска населба Долењска, во Шмихел. „За жал, ова е редовна практика во нашиот град. Се надевам дека полицијата ќе спречи поседување оружје. Неколку пати во последните денови коментирав дека веќе имаме премногу оружје што треба да се отстрани од дофат на деца и неурамнотежени луѓе“, рече тој. Луѓето наводно буквално го преплавиле бројот 113 со повици за пукањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидериЕвростат повторно објави податоци.Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра. Словенија е со 1.482 евра. Македонија? 624 евра бруто, односно околу 421 евро нето. Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора. Ние сме на долниот дел од листата. Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија… Граѓаните не живеат од проценти. Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот. И таму статистиката е јасна: празно. Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек. Минималната плата останува меѓу најниските во Европа. Цените растат. Инвестициите паднаа. Младите си одат. Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт. А она што самите го допреа, најчесто го упропастија. Или само се фотографираат. Оваа власт е неспособна да создаде подобро. Способна е само за тендери, за криминал и за корупција. Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго. Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат. Тие тоа го гледаат секој ден. И тоа е единствената статистика што важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПодната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на СкопјеЕден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста. Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем. Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје. Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед. Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЗ: Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во МакедонијаВо текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман. Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес. Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците. Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножувањ Министерство за здравствоТагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04