Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање - Канал 5

Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање

Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање на протестите.

Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми-ќерки на ова претпријатие, денеска повторно излегоа на протест зошто се уште не им е исплатена августовската плата. Од утре најавуваат порадикални протести и блокади на повеќе кртосници во главниот град.

- Согласно нашето барање изнесено на вчерашниот протест од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје не беше исплатена платата за август, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември. За жал по информациите кои ги добивме изгледите за да се исплати денес плата на вработените од овие фирми се мали и затоа ние како Синдикат СУТКОЗ, кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со нашата синдикална организација во ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и вработените во овие три фирми утре повторно ќе излеземе на протест, кој ќе биде порадикален. Ќе бидат блокирани повеќе кртосници на територија на Град Скопје, а тоа ќе го договориме со вработените во овие три претпријатија, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој информира дека како синдикат заедно со стручниот тим во ЈП „Паркови и зеленило“ иницирале да се изнајде нов модел за финансирање на претпријатието, по искуствата од соседните земји.

- Тоа планираме да го изработиме како документ во наредните две недели. Со оглед на тоа дека има локални избори на 19 октомври, планираме нашите предлози на 15 или 16 октомври да ги изнесеме во јавност и да побараме од идниот градоначалник, без разлика кој ќе биде, да го земе тоа предвид како начин за финансирање на ова претпријатие и на фирмите „Флораком“ и „Луна“. Гледаме дека досегашниот начин на финансирање гледаме дека придонесува за нередовна исплата на платите, додатоците на плата, како и потешкотии во функционирањето на претпијатието, рече Кашиковски.

Најави дека дополнително ќе информираат за улиците кои утре ќе бидат блокирани.

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, „Флораком“ и „Луна“ вчера два часа го блокираа булеварот „Илинден“ поради нередовна исплата на плати и неисплата на додатоци на плати, како отпремнина за оние што одат во пензија, регрес, К-15, јубилејни награди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!

Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. 

Прекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!

Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување.

Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба.

Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега.

На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата.

Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за ​​првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност.

Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки.

Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот.

За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна.

– Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно.

Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече:

– Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бразил и Барселона се договорија за Рафиња!

Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.

Бразил и Барселона се договорија за Рафиња!

Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари.

Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб.

„Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Децата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неа

Според студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.

Децата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неа

Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина.

На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината.

По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна.

Истражувањето продолжува

Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци.

За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер