МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
1МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
МакедонијаПовторно одложено судењето за Штекли, двајца психијатри дале различна дијагноза за обвинетиотСудијата Илија Трпков денеска повторно го одложи судењето против Раде Трајковски Штекли, бидејќи двајца психијатри дале различна дијагноза за обвинетиот.Вештакот ангажиран од одбраната заклучил дека Трајковски не може да се застапува на суд и дека треба да оди на лечење на Клиниката за психијатрија. Спротивно на неговото вештачење, психијатарката Оливера Суботин Поповска од Психијатриската болница во Бардовци, која била ангажирана како вештак од страна на Јавното обвинителство заклучила дека обвинетиот Трајковски може да го следи судењето, дека расудува и дека е пресметлив. На следното рочиште вештаците треба да ги објаснат своите дијагнози пред судот. Скопјанецот Раде Трајковски Штекли, кој преживеа три напади, е обвинет за трговија со дрога. Тој денеска се појави на судењето во Кривичниот суд иако на минатото рочиште неговата одбрана достави вештачење дека не е психички способен да го следи судскиот процес против него.Тагови: штекли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“.Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година. Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3%. Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области: 100% исполнетост на индикаторите за интегритет – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност. 100% исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност – поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење. 75,90% вкупна отвореност – резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето. Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46% исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија. Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните. Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство. Токму затоа продолжуваме со истата посветеност – за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат подеднакво за сите. Отвореноста и транспарентноста се секојдневна обврска на институциите кон граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
МакедонијаМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓанитеЗа мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево.„Добар ден и од мене. За мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево. Му честитам на градоначалникот за посветената работа. И, се разбира, заеднички, со поддршка од Владата, во периодот којшто следи, ќе реализираме уште многу проекти коишто се приоритет на граѓаните на оваа општина. Прекрасна општина, прекрасни луѓе. Сега, додека шетавме по оваа новоасфалтирана улица, разговаравме и за приоритетите во периодот којшто следи. Самиот тој во својата изјава кажа дека подготвува дел од проектите. Јас би го охрабрил, еве вака јавно, што побрзо да ги спремат проектите, затоа што следната година како Влада планираме нов повик со којшто од централниот буџет ќе финансираме проекти кон локалната самоуправа, кон општините. Нешто што ќе биде континуитет на она коешто го започнавме од првиот момент кога бевме избрани како Влада. Така што и тоа ќе биде една додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните во оваа прекрасна општина. И исто така, конечно да се реши, би рекол, она прашање коешто останува нерешено, а тоа е водоснабдувањето во голем дел од населените места. Ние очекуваме, а веќе е извесно во реформската агенда да добиеме топ-ап или додаток на оние седумстотини и педесет милиони евра коишто претходно ги добивме. Знаете таму структурата каква е: една третина е ликвидност во буџетот, една третина е грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, а третата третина е евтин кредит којшто започнува да се исплаќа од 2035 година. Очекуваме да добиеме значајна сума во тој додаток и еден од приоритетните проекти ќе биде токму овој за којшто зборувавме денес со градоначалникот, а во меѓувреме тој ќе продолжи да ги развива проектите и, ако треба, и од централната власт ќе има дополнителна поддршка. Така што тој проект мора да се случи и ќе се случи. Ние ќе го ставиме во индикативната листа како приоритет на Владата, според онаа динамика којашто ја имаме од Европската Унија. Конечното одобрување на таа листа треба да се случи во првата половина од следната година. Така што, уште еднаш му честитам на градоначалникот, прави навистина одлична работа. Му честитам и сакам да им се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да им се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме тоа што им е потребно на граѓаните.Сакам да ви се заблагодарам и на вас, медиумите, што секогаш сте тука кога промовираме нешто коешто претставува додадена вредност за квалитетот на животот на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
Шоу бизВидео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“Канадската пејачка Тејт Мекре во секси црвена долна облека го претстави новиот сингл и ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“.Канадската пејачка Тејт Мекре настапи на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret), одржана синоќа во Лос Анџелес, каде што премиерно го претстави својот нов сингл „Housewife“. Дваесет и тригодишната музичка ѕвезда се појави во блескав црвен комплет долна облека и црвени чевли со високи потпетици, изведувајќи енергична кореографија заедно со повеќе од десет танчери, сите облечени во црвени костими. Според „Харперс базар“ (Harper's Bazaar), Тејт го изведе и хитот „Dear God“ од албумот „So Close to What“, додека манекенките чекореа по пистата, осветлени со топла, килибарна светлина. https://www.instagram.com/reel/DeqJwoPOxbl/?utm_source=ig_embed Впечатлив визуелен ефект создадоа проѕирните црвени крилја што се „вееа“ зад пејачката. Песната „Housewife“ беше објавена на 15 октомври, а режисер на музичкиот спот е Пјер-Анж Карлоти. Ова е првиот сингл од нејзиниот четврти студиски албум. Тејт претходно истакна дека публиката сè уште нема видено сè што таа може да понуди, особено кога станува збор за нејзините танцови вештини. Зборувајќи за славата, таа призна дека животот на поп-ѕвезда може да биде исцрпувачки, бидејќи луѓето често имаат свои замисли за тоа каква би требало да биде таа. https://www.instagram.com/reel/DeqGOaOtckj/?utm_source=ig_embed Пред нејзиниот настап на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), таа накратко најави што може да очекува публиката, велејќи: „Моето тело е костим“.Тагови: Викторија Сикрет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter