Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување - Канал 5

Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување

Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради оправдано отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар.

Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување

На претходното рочиште, одржано во септември, тој бараше изземање на судечкиот судија, и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола, па предметот беше разгледуван во Врховниот суд во Скопје. По одлуката да биде предметот да биде вратен во Судот во Струга, рочиштето беше закажано за вчера, но и тогаш бранителот Игор Петковски, најавил отсуство поради судење за притворски предмети.

Судечкиот судија Јордан Јованов следното рочиште го закажа за в понеделник, посочувајќи дека неможе да преземе никакви мерки бидејќи лицата се оправдано отсутни, но најави дека доколку има причина за одлагање ќе го закажува секој нареден ден.

- Мерки може да се преземаат доколку лицата кои што се уредно повикани неоправдано не дошле на расправата. Во конкретниот случај бранителот има приложено доказ дека е повикан на притворски предмет пред Основниот суд во Битола, што значи дека го оправдал изостанокот. Така што неможе да биде преземена никаква присилна мерка. Меѓутоа, овдека е загржувачки тоа што цело време во барањата се потенцира дека другите предмети се приоритетни, дека се итни и се бара одлагања, а се заборава дека и овој предмет исто така е итен, бидејќи прети опасност од застареност. Токму поради тоа е донесена одлука цело време расправата да се одложува за секој нареден работен ден, како што е и предвидено во законот, изјави Јованов.

На тој начин, нагласи, нема да се дозволи да застари делото, бидејќи ќе го закажува секој нареден ден.

- Нема повеќе одлагање ниту во недели, во месеци, туку во денови и кога тогаш, јас се надевам дека конечно ќе го окончиме. Доколку не дојде во понеделник наредното закажување ќе биде за вторник, среда и понатаму се до крајот на расправата, посочи Јованов.

Бранителот на оштетената, адвокатот Сашо Јанев вели дека на судот му се врзани рацете и неможе да презема дејствија бидејќи согласно законот оправдано отсуство е дозволено.

- Ова нешто кажува друго, ова не е адвокатски начин на одбрана ова е само показател дека обвинетиот е навистина виновен за делото за кое се товари и нивниот единствен излез е застарување на делото. Добивме уверување од судот, а јас искрено верувам во тоа дека нема да дозволат да застари и дека се мора да биде согласно законот. И само на тој начин можеме да очекувам да ја вратиме довербата на судството, ако се постапува согласно законот, рече Јанев.

Веапоска пак најави ако продолжи одлагањето на рочиштата ќе оргнизира протести пред Судот во Струга секој ден од 8 до 16 часот.

- Ако нема одлука до крајот на овој месец, ако не продолжи судењето и ако вака се одлагаат сите рочишта ќе морам да закажам протест пред судот, кој ќе трае секој ден од 8 до 16 часот се додека не заврши судењето и се додека не се донесе пресудата во овој суд. Поддршка очекувам од целиот наш народ, од Дебар, од моите сограѓани и од цела Македонија, а не од институциите затоа што пет години талкам по овие врати и правдата неможам да си ја добијам со сите докази со вештачење, супер вештачење. Да застари ова дело е срамно и за нашата држава и за судот и за сите нас, изјави Веапоска.

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранети три органи, бубрег, матка и јајник, се води против тројца лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Судењето три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии, а делото застарува во август 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 7. септември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 7. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 7. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Панче Тошковски

Панче Тошковски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто некои мажи остануваат во врска иако не се емотивно присутни

Повлекувањето, молчењето и недостатокот на блискост често имаат длабоки причини, од стрес, нерешени проблеми до научени обрасци на однесување.

Зошто некои мажи остануваат во врска иако не се емотивно присутни

Во долгите врски и браковите не е невообичаено едниот од партнерите да делува физички присутен, но емотивно оддалечен. Според стручните лица за односи, ваквото однесување не мора нужно да значи и крај на љубовта или неверство, туку последица на различни животни околности, стрес или нерешени проблеми во односот.

Емотивната оддалеченост се развива постепено, поради што партнерите промената не ја забележуваат веднаш. Кога разговорите ќе станат површни, нежноста ќе исчезне, а заедничкото време повеќе не носи чувство на блискост, важно е да се открие причината, наместо да се носат избрзани заклучоци.

Според психологот Џона Готман од институтот Готман, мажите кои емотивно се отсутни, остануваат во врска поради овие пет причини.

Тешко ги изразуваат чувствата

Некои мажи од детството се научени да ги контролираат емоциите и да не покажуваат ранливост, сметајќи го тоа за слабост. Поради тоа делуваат ладно, резервирано и незаинтересирано, иако всушност имаат чувства кои не умеат и не сакаат да ги изразат.

Стресот ја одзема енергијата во односот

Проблемите на работа, финансискиот притисок или големите животни промени може да доведат до повлекување на личноста. Кога некој постојано е оптоварен во грижи, често му останува помалку енергија за нежност, разговор и емоционална поврзаност.

Насобраните проблеми ги оддалечуваат партнерите

Кога конфликтите постојано се одложуваат и не се решаваат преку отворен разговор, меѓу партнерите може да се создаде емоционален ѕид. Наместо разговор, некои избираат молк и повлекување, што со тек на време дополнително ги оддалечува партнерите.

Остануваат поради чувство на обврска

Понекогаш мажите остануваат во односот поради децата, заедничкиот живот, финансиската стабилност или чувството на одговорност кон семејството. Иако и понатаму може да чувствуваат приврзаност кон партнерката, односот може да се претвори во заедница која функционира од навика наместо од емотивна блискост.

Ја изгубиле навиката за искрен разговор

Без отворена комуникација партнерите со тек на време може да престанат да ги делат своите мисли, желби и стравови. Кога ќе исчезне размената на емоции и кога разговорите ќе се сведат на секојдневни обврски, чувството на поврзаност може значајно да ослаби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер