МакедонијаПовторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци.Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија. На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова. Откако барањето му беше одбиено од страна на судијата Јордан Јованов, тој побара негово изземање, по што најави дека ќе побара изземање и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола за предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје. Тој најави дека во рок од 48 часа до претседателот на Судот ќе достави писмен поднесок со детали за барањето за изземање на судечкиот судија, претседателот на Судот во Струга и на претседателот на Апелационен суд Битола. - Не е сфатливо во 21 век, при постоење на многу пресуди на судот за човекови права во Стразбур да разговараме за основни права на одбраната во предметот, рече Петковски, реагирајќи на одлуката на судијата извештајот од супервештачењето да биде презентиран од двајцата присутни вештаци и покрај решението за негова презентација да присуствуваат тројцата вештаци. Јавниот обвинител Ермира Муса-Нура кажа дека исказот на двајцата присутни супер вештаци е доволен за да се разјасни супервештачењето и оти нема потреба од третиот вештак. Таа се спротивстави и на барањето за изземање на судечкиот судија. - По толку траење на постапката денес одбраната побара изземање на судијата, барање кое можеше да го побара порано. Поради тоа судот не можеше да постапува. Ние сме против овие барања и побаравме судот да ги одбие, рече Муса-Нура. Оштетената, родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег излезе разочарана од судницата. - Немам веќе ни сила, ни здравје. Не сум добра психички. Во нашата држава нема ни суд, ни судии, ни правда. Срамно е докторите од супер вештачењето да доаѓаат од Скопје и наместо да има завршни зборови, судскиот процес да се одлага на неодредено, рече Веапоска. Нејзиниот полномошник, адвокатот Сашо Јанев смета дека изземањето на судијата е дел од стратегијата на одбраната за одолговлекување и застарување на делото, но истакна оти верува во ефективноста на судот. - Верувам дека судот ќе биде брз и ефективен и оти брзо ќе се одлучи по однос на овие очајнички потези на одбраната и ќе добиеме осудителна пресуда, која толку долго ја очекуваме, рече Јанев. Судскиот процес против тројцата лекари - гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, трае околу три години, а делото застарува на почетокот од идната година. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии.Тагови: родилката од Дебар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook