МакедонијаПовторно функционален и пуштен во употреба мостот на реката Вардар - Башино Село во Општина Велес Повторно е во функција мостот на реката Вардар - Башино Село во Општина Велес. По зајканувањето на неговата долна конструкција (греди и столбови) издржува товар до 40 тони и граѓаните можат безбедно да се движат.Мостот е изграден во 1971 година, пред повеќе од пет децении, а последните 15 години беше високо ризичен поради што Владата, по препорака на Градежниот факултет, во јануари годинава беше задолжена да го затвори. -По шест месеци повторно сме тука, со исполнето ветување кое тогаш го дадовме пред граѓаните. Ги завршивме работите на мостот многу побрзо од што се очекуваше. Се зајакнаа гредите и столбовите и сега мостот е стабилен и функционално е многу јак, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. Тој најави дека во соработка со Министерството за транспорт веќе е во фаза проектирање на нов мост. -Проектирањето е при крај, се надеваме дека во втора половина на годината ќе се објави тендерот за изградба на мостот и тоа по нова технологија што досега не сме ја имале во земјава, подвлече Трајановски. Премиерот Христијан Мицкоски информира дека мостот е пуштен во употреба, како и дека безбедноста е, како што рече, на прифатливо ниво. [Македонскиот премиер Христијан Мицкоски жали што во 21 век на талибански начин од Извештајот.... се сака да се извадат македонскиот идентитет и македонски јазик, кои како што нагласи, првпат] -Сега сите сме сведоци дека повеќе не треба да ја користиме честичката „ќе“, туку „е“ - мостот е пуштен во употреба, бидејќи веќе сообраќаат тука возила и товарни и лесни патнички, така што цениме дека безбедноста е на прифатливо ниво. Овој потфат беше прилично брз, ефикасен и еве, конечно мислам дека ќе успееме да обезбедиме побрз транспорт во рамките на градот Велес, рече Мицкоски. Според градоначалникот на Велес Марко Колев, во изминатите 15 години ниту еден премиер или министер не презел ништо за санација на мостот. -Кога локалната и централната власт седнуваат на маса и разговараат, доаѓаат до вакви решенија за пробпемите што ги мачат граѓаните. Преку 15 години мостот беше проблем. Не знам колку премиери и министри за транспорт и колку директори на јавни претпријатија дојдоа на оваа локација, но даваа ветувања од кои немаше ништо. Пред шест месеци, по добивањето на извештајот од Градежниот факултет за алармантноста на состојбата, мостот беше затворен. Факултетот направи техничко решение, Владата овозможи негова реализација и денес веќе долниот дел од мостот е целосно реконструран. Мостот е пуштен за сообраќај во двата правца, граѓаните можат безбедно да се движат. Вкупно 15 години се зборуваше за оваа работа, но оваа Влада за шест месеци го направи ова. Пораката до граѓаните е без страв да комуницираат меѓу овој и другиот дел на градот и безбедно да се движат по мостот, истакна Колев. Премиерот Мицкоски во Велес беше придружуван од министерот за транспорт Александар Николоски. Тагови: Башино Село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Американска Дачија“: Купувачите во САД добиваат пикап и теренец за 21.500 долариБез сложена технологија или скапи поправки: „REO“ подготвува возила за американскиот народ.Новата компанија, „REO Trucks“, ја подготвува семејната линија на возила „Runabout“, која ги вклучува пикапите „T4X“ и „T4C“, како и „SUV“-моделот „S4C“. Овие модели се одликуваат со традиционална конструкција „каросерија на шасија“ (body-on-frame), погон на сите тркала и дизајн прилагоден на барањата на американскиот пазар. Производството е планирано да се одвива во Тексас. Дизајнот е дело на студиото „Frank Stephenson Design“, предводено од реномираниот дизајнер Френк Стивенсон – човекот кој стои зад првата генерација на „BMW X5“, модерниот „MINI“ и неколку модели на „McLaren“. Изгледот на возилата е инспириран од историските пикапи на „REO“, вклучувајќи го и моделот „Speed Wagon“ од 1915 година, пренесува „Revija HAK“. Моделите „T4X“ и „T4C“ имаат кабина со два реда седишта и должина од приближно пет метри, додека „SUV“-моделот „S4C“ е долг 4,64 метри. Сите три модели ја делат истата шасија, погонски систем и меѓуоскино растојание, користејќи модуларен дизајн прилагоден за различни намени. За погонот е задолжен атмосферски (без турбо) бензински мотор со четири цилиндри, поврзан со мануелен или автоматски менувач. Системот за погон на сите тркала вклучува редуктор, што треба да обезбеди одлични теренски способности. Од „REO“ наведуваат дека погонскиот систем е дизајниран за работен век од приближно 800.000 километри. Сопствениците исто така ќе имаат пристап до јавен каталог на резервни делови со отворен пристап, а компанијата ветува поддршка во траење од 20 години. Од компанијата тврдат дека повеќето основни поправки можат да се извршат со употреба на стандарден алат. Продажбата ќе се врши директно кон купувачите, без традиционални салони и посредници. Најавените почетни цени изнесуваат 21.500 долари за „T4X“, 25.000 долари за „T4C“ и 28.500 долари за „S4C“, без никакви скриени дополнителни трошоци. Пилот-серија од моделот „T4X“ е планирана за 2027 година, а првите испораки се очекуваат кон крајот на 2028 или почетокот на 2029 година. Моделите „T4C“ и „S4C“ ќе следат подоцна. Со оглед на пристапот и најавените цени, „REO“ би можел да стане еден вид американска „Дачија“. Интересно е тоа што името не е ново за американскиот пазар: оригиналната компанија „REO Motor Car Company“ е основана во 1905 година и постоела сè до 1975 година. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаРепрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници Европските кошаркарски легенди Дејан Бодирога и Жељко Ребрача беа херои на екс Југославија и заедно ја освоија Европа и Светот, но денес се разделени од политиката.Од заедничкото освојување на светскиот трон во Атина во 1998 година, каде што беа едни од главните членови на репрезентацијата на СР Југославија, патиштата на Дејан Бодирога и Жељко Ребрача денеска се вкрстија на сосема спротивни страни во пратеничките клупи на Народното собрание на Република Србија. На Светското првенство во Грција, токму тие двајца беа најзаслужни за освојувањето на златниот медал, делејќи ги главните улоги на патот до тронот. Дејан Бодирога тогаш беше официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на целото првенство, со просек од 14,7 поени, пет скока и 2,2 асистенции по натпревар, а особено се истакна во полуфиналето против домаќинот Грција, кога постигна 31 поен. Од друга страна, Жељко Ребрача блесна токму кога беше најпотребно, одиграјќи го својот најдобар натпревар во финалето против Русија – натпревар што Југославија го доби со резултат 64:62. Ребрача беше апсолутен херој и најефикасен поединец на натпреварот со 16 поени и 11 скока; тој беше избран во идеалната петорка на турнирот, а неговата клучна блокада и офанзивен скок во последната минута директно го решија исходот на натпреварот. Нивната спортска соработка успешно продолжи и на клупско ниво, бидејќи во периодот од 1999 до 2001 година заедно го носеа дресот на атински Панатинаикос и, под водство на Жељко Обрадовиќ, ја освоија титулата европски шампион. Сепак, по завршувањето на нивните блескави играчки кариери, животните патишта и општествениот ангажман ги однесоа на сосема спротивни страни на српската политичка сцена. По крајот на кариерите на паркетот, Дејан Бодирога се посвети на спортскиот менаџмент и ја презеде функцијата претседател на Евролигата, а Ребрача е сосптвеник на кошарксрка школа. Бодирога во јавниот и политичкиот живот на Србија влезе преку давање отворена поддршка за студентските протести и иницијативата „ПроГлас“. На парламентарните избори одржани кон крајот на октомври 2026 година, тој настапи како 24-ти на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, а со полагањето на заклетвата на 17 ноември 2026 година, официјално го започна својот прв пратенички мандат во 15-тиот состав на Собранието. За разлика од него, Жељко Ребрача, по богатата кариера во Европа и НБА – каде што настапуваше за Детроит, Атланта и Лос Анџелес Клиперс – ја извршуваше функцијата претседател на Кошаркарскиот клуб „Војводина“, а својот политички ангажман го поврза со Српската напредна странка. Како долгогодишен член на владејачката партија, тој го започна својот прв пратенички мандат во февруари 2024 година, а на изборите во октомври 2026 година, зазеде високо 19-то место на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и со тоа обезбеди нов мандат. Така, некогашните соиграчи, кои пред речиси три децении ѝ донесоа огромна радост на нацијата на кошаркарскиот терен во Атина, денес станаа политички ривали кои седат на спротивните страни во собраниската сала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook