Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт
2Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт
3Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
ЖивотПовременото пушење цигари повторно стана тренд во Холивуд и меѓу младите„Цигарите повторно стануваат модерни, и покрај долгогодишните предупредувања за нивната штетност“, пренесе Д пост (The Post).„Цигарите повторно стануваат модерни, и покрај долгогодишните предупредувања за нивната штетност“, пренесе Д пост (The Post). Трендот е видлив и на телевизиските серии, каде ликовите сè почесто се прикажуваат со цигара, што дополнително придонесува за негово ширење. Експертите забележуваат пораст на таканаречени „повремени“ пушачи, кај кои цигарите се дел од ноќниот живот, естетиката и социјалните интеракции, а несекојдневна навика. Истовремено, многумина од нив водат здрав начин на живот, што создава парадокс меѓу велнес-културата и пушењето. Токму кога изгледаше дека навиката е засекогаш згасната, Холивуд повторно ја разгорува. Од послужавници со цигари на забавата на доделувањето на Оскарите на „Венити фер“ до Кајли Џенер како пуши на најновата насловна страница на списанието, пушењето се чини дека е повторно во мода и покрај сите предупредувања. Трендот е видлив и на екранот: од ликот на Керолин Бесет Кенеди кој безгрижно влече цигара во хит серијата на Рајан Марфи „Љубовна приказна“ до честите паузи за цигара на готвачот Карми во „Мечката“, објавува „Пост“. За дел од младите, цигарата станува средство за дружење и социјализација, особено во креативните индустрии, каде паузите за пушење се доживуваат како простор за разговор и запознавање нови луѓе. Влијанието на социјалните медиуми дополнително го поттикнува трендот, со профили кои споделуваат фотографии од познати личности со цигари, претставувајќи го пушењето како дел од одреден стил или бунт против современите стандарди. Сепак, лекарите предупредуваат дека штетата од пушењето е сериозна и неповратна, нагласувајќи дека ниту еден козметички третман не може да ги неутрализира последиците врз здравјето и стареењето. Но и покрај таквите предупредувања од докторите, за некои луѓе пушењето останува поврзано со чувството на индивидуалност, носталгија и моментална присутност, што придонесува за негово повторно враќање во велнес – културата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Нов скандал во Владата на Мицкоски - Јанушев со фирма во Бугарија?Уште еден скандал во Владата на Мицкоски.Според документи објавени од медиуми во Бугарија, генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил. Како што стои во овие документи дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски а има и трет партнер - Сашо Апостоловски. Инаку сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка под 10.000 евра - незначително во споредба со прометот. Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, има бугарски пасош односно е бугарски државјанин. Прашањето кое треба да го одговори на кои бугарски корени се повикувал Јанушев? Сега излегуваат инфоррмации дека е поврзан и со фирма во Бугарија. Тука е суштината на скандалот кој бара институцинална истрага и постапка. Зошто Јанушев не го пријавл бугарскиот капитал? Во ниту еден од своите анкетни листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Јанушев нема наведено дека е поврзан со фирма во Бугарија. Зошто? Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да отворат предмет и да информираат јавноста. За давање лажни податоци за имотната состојба на функционерите им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години. Почитувани, Ова не е изолиран случај. Ова е дел од пошироката слика за лицемерието и лажниот однос на владата на Мицкоски кон граѓаните. Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија. Додека неговите луѓе имаат фирми и прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница. Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани. Дали сега Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија? Дали Мицкоски ќе одговори на тврдењата дека заедно со Лимани присвоиле 13 хидроцентрали? И кога конечно ќе престане оваа политика на двојни стандарди? Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролкаТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаПетрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на властДодека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост. Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки. Тоа е однапред прифатен пораз. Истата политика ја водеше и Зоран Заев. Прво ги убедуваше граѓаните дека нема опасност, а потоа следуваа отстапките. Денес Филипче ја повторува истата матрица, прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање. Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт. Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки. Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаМицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година Изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.„Добар ден и од мене. Претходните говорници кажаа речиси сè што е поврзано со испораката на учебници. Јас би додал само дека можеби сето ова треба да претставува нормална работа, иако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Јас сум свесен дека има граѓани коишто трпението им е при крај, но важно е да ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници. Повторно ќе кажам, жалам што во време на вештачка интелигенција, современи напредни технологии, ние се радуваме дека на време ги доставуваме учебниците. Но, тоа е што е. Таа катаклизма е сега политичка катаклизма која што ја донесоа СДСМ и ДУИ е минато, и она што ние како Влада имаме обврска да го направиме е да никогаш повеќе не се повтори. Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на министерката за образование, на луѓето од нејзиниот тим во Министерството во образование, на градоначалникот, на пратениците од Општина Аеродром, на директорката во ова училиште и во суштина на директорите и вработените во образованието низ цела Македонија, за трпението коешто го имаат и за знаењето коешто го пренесуваат на нашите најмили, а тоа се дечињата. Сепак тоа е, би рекол, нобелова работа и јас уште еднаш им честитам за сето она коешто го прават и за децата и за Македонија како држава.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12