Повредено 16-годишно момче при пукање на семејна веселба во Кичевско - Канал 5

Повредено 16-годишно момче при пукање на семејна веселба во Кичевско

 Шеснаесетгодишно момче од кичевското село Стрелци било повредено на семејна веселба, откако Ф.Ф.(36) од пиштол испукал неколку куршуми, кои се одбиле од подот и го повредиле детето.

Повредено 16-годишно момче при пукање на семејна веселба во Кичевско

Несреќата се случила во дворот од семејната куќа. Момчето било пренесено во Општата болница во Кичево.

Како што соопшти МВР, утрово во 2:30 часот полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење.

„Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере.

Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство.

Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере.

Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта.

Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија.

Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања.

„Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Нов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. 

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари.

За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер