Повредени пешак и велосипедист во Тетово

Две момчиња на возраст од 18 години се повредени откако во нив удрил 22 годишник од Тетово кој возел Форд ескорт, вчера околу 14 часот на улицата „Браќа Миладинови.

Едното од момчињата било на велосипед, а другото одело пешки. По приемот за лекарска помош во тетовската Клиничка болница биле задржани на лекување, соопшти СВР Тетово.

Оттаму информираат дека поради зголемениот број возила деновиве е засилено полициското присуство и сообраќајно-контролните активности на подрачјето и посебно во Тетово и Гостивар.

-Целта е непречено и безбедно да се одвива сообраќајот на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта. Се апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци, пред се, оние кои ја регулираат дозволената брзина, првенство на минување или движењето на пешаците и нивно преминување на улиците.На возачите, исто така, им се укажува да ги паркираат возилата само и единствено на наменски определените места, а не и на тротоари, во зеленило или пред крстосници, за да не го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот, особено во централните градски подрачја, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово им советува на возачите целосно да се придржуваат на наредбите на полициските службеници задолжени за регулирање на сообраќајот во таканаречните „шпицеви", за да се избегнат мешаници на крстосниците и на најфрекфрентните улици.Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово законски ќе го санкционираат секој прекршок во функција на максимална сообраќајна безбедност на сите учесници./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер