Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
1Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
31.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
ЗдравјеПовисок капитационен бод добиваат матичните лекари Од месецов повисок капитационен бод добиваат матичните лекари по општа медицина, гинекологија и стоматологија. Согласно одлуката на Владата за ова зголемување ќе се издвојат над 9 милиони евра, со што капитациите за општа медицина и гинекологија од 75 се зголемуваат на 100 денари, а за стоматологија од 61 на 75 денари. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека главната цел на одлуката била да се мотивираат младите лекари и медицински сестри да останат во примарното здравство, но и да им се овозможи да спроведуваат неколку методи од секундарното здравство. -Целта ни е повторно да ги мотивираме со покачувањето на капитацијата да работат повеќе на скрининг програмите, на превентивата, вакцинацијата, меѓутоа да им дадеме можност и евентуално одредени методи кои што се работат во секундарното здравство да го работат во примарната здравствена заштита. Ехо на срце на пример, одредени матични лекари кои што можат да работат или ехо на каротити или одредени други испитувања за кои што се едуцирани, имаат такви лиценци за кои што нема потреба да одат кај специјалист,- Арбен Таравари – Министер за здравство. Со растот на финансиите се зголемуваат очекувањата за работата и продуктивноста на лекарите, како и конролите на рецептите и боледувањата нагласи директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.. Дополнително околу очекувањата најголем дел од здравствените предизвици да се решаваат на примарно ниво, тој информираше дека ќе биде воведена мерка за оптимизација на упатување на повисоки нивоа на лекување. -МЗ веќе донесе пет протоколи за примарното здравство, вклучувајќи кардиоваскуларни и слични болести кои ќе значат поголемо внимание на матичните доктори кон овие болести. Дополнително, за тоа Фондот воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболувања на простата, дебело црево и грло на матка кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми на МЗ. Сашо Клековски – директор на ФЗОМ. Клековски потсети дека капитацискиот бод за прв пат бил воведен пред околу 20 тина години, а потечната вредност за општа медицина изнесувала 45 денари. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека од 2015 година капитацијата за општа медицина медцина и гинекологија била удвоена, додека за стоматологија се зголемила за 114%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити купува голем бразилски талент Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара. Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем. Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКосопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен. Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје. Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје. Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook