Повикани лица на службен разговор во кумановската полиција, за скандирањата на кошаркарскиот натпревар на 2 август - Канал 5

Повикани лица на службен разговор во кумановската полиција, за скандирањата на кошаркарскиот натпревар на 2 август

Обвинителство го истражува случајот со со ксенофобичното скандирање на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија од саботата во Куманово. 

Повикани лица на службен разговор во кумановската полиција, за скандирањата на кошаркарскиот натпревар на 2 август

До СВР Куманово издадени се повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза а преку снимките од видеонадзорот ќе се идентификуваат скандирачите. Од Кумановската полиција пак потврдија дека дел од лицата веќе се повикани на разговор.

-Вчера во СВР Куманово беа повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор и по извршени анализи во координација со Јавниот обвинител, ќе бидат преземени конкретни законски мерки против вклучените лица, вклучително и кривични постапки, велат оттаму.

Непримерното скандирање го осудија и од Кошаркарската Федерација на Македонија и Општина Куманово кои се оградуваат од како што велат националистичкото однесување на мал дел од навивачите. Министерот за спорт Борко Ристовски пак најави едукации на навивачките групи.

Денеска и премиерот со осуда за настанот. Вели дека скандирањето дошло од неколкумина навивачи кои не добиле поддршка од останатите присутни во салата.

-Искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе. Но, исто така еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата, најпрвин на таа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски, да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија. Уште еднаш да повторам апсолутно го осудувам ксенофобичното и националистичко скандирање на неколкумина кои што не наидоа на поддршка од страна на ниту еден од присутните во салата,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Навредливите скандирања ги осудија и дел од партиите. Од ДУИ и денеска ги повикаа албанските претставници во Владата да се дистанцираат од овој акт но и оставки од замениците министри во МВР и Министерството за спорт кои се од редовите на Вреди да поднесат оставки.

-Тоа претставува ужасна манифестација на етничка омраза толерирана од највисоките државни функционери кои беа присутни во салата. Наместо да слушаме навивања во духот на спортот и соживотот, слушнавме страшни повици како – „ Добар шиптар е мртов шиптар, гасна комора за шиптарите, чиста Македонија“. Ова се слоганите кои не потсетуваат на најмрачните страници од европската историја кои не смеат да се релативизираат ниту да се оправдаат како навивачки прашања,- изјави – Емир Сулејмани – ДУИ.

За случајот реагираше и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Загрижувачки е велат, што никој од никој од високите функционери присутни за време на натпреварот не реагирал. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза – велат од Хелсиншки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер