3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотПовик за учество во работилница „Кујна за критички рецепти и нови вкусови"Во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици", КСП Центар Јадро објави отворен повик за учество во работилницата насловена „Кујна за критички рецепти и нови вкусови", која ќе се одржи од 16 до 21 март оваа година.Како што соопштија од тимот на КСП Центар Јадро, станува збор за интердисциплинарен проект што ќе го реализираат во текот на оваа година, а има за цел да промовира социјално ангажирани уметнички пракси и начини на кој тие ќе се користат како моќни алатка за општествена промена. -Улогата на уметноста при воведување на политичките и социјалните прашања во јавната сфера е сѐ поголема. Денес, уметничките практики се служат со широк спектар на средства, елементи и стратегии кои промовираат зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Функцијата на самата уметност во општествениот контекст е да понуди излез од зоната на удобност. Така, проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици" поттикнува уметничкото творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени, соопштија од КСП Центар Јадро. Целта на работилницата која ќе се реализира во рамки на овој проект, е преку едукативниот процес на стекнување нови вештини, знаења и пристапи, учесниците да создадат комплексни уметнички содржини кои ги отфрлаат класичните формати на продукција и промовираат социјална ангажираност. По оваа работилница, во април ќе биде распишан јавен конкурс за поддршка на четири проекти чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година. Проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици" се реализира со финансиска помош на Фондација Отворено општество – Македонија. -Работилницата е наменета за сите кои сакаат да зготват свој критички рецепт во нашата кујна на нови вкусови, за сите мотивирани, локални уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, како и за сите кои имаат желба да создаваат свои уметнички проекти кои ќе водат кон зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Исто така, работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите, за креативци кои сакаат да творат во областа на животната средина, аниткорупцијата, човековите права, социјалната правда и други актуелни теми, но и за сите кои сакаат да придонесат за проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво, стои во најавата за работилницата. Предавањата и работилниците ќе бидат спроведени од истакнати уметници со долгогодишно искуство во социјално ангажираната уметност – Драган Протиќ и Јелена Вуксановиќ. Краен рок за пријавување е 10 март, а заинтересираните треба да го пополнат формуларот за учество. Од КСП Центар Јадро соопштија дека избраните учесници ќе бидат навремено информирани по завршување на рокот за пријавување. Присуство на работилницата ќе се смета за предност, при изборот на проектите чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемијаМЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста. Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини. Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим. Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети. На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста. Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800. Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотврдена поддршката на Полска за европскиот пат на МакедонијаДенеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска. Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување. Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија. Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот. Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение. На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор ДалиКреативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата. Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе. Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство. Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз. Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин. Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар. Учеството на работилницата е бесплатно.Тагови: Салвадор Дали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59