Повик за продукција на музички спотови во рамки на „Дотерај го Скопје“ - Канал 5

Повик за продукција на музички спотови во рамки на „Дотерај го Скопје“

Јавна соба објави повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за своите песни.

Повик за продукција на музички спотови во рамки на „Дотерај го Скопје“

Повикот предвидува до пет авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да снимат спотови, како и нивна промоција онлајн, на социјалните мрежи и во живо. Краен рок за пријавување на повикот е 30 јуни 2017.

Музички бендови и поединци кои се автори на музика можат да се приклучат кон проектот „Дотерај го Скопје“ и да снимат музички спотови. Повикот е достапен на error501.mk/music.

Продукцијата и промоцијата на авторска музика е дел од проектот „Дотерај го Скопје“, кој ќе кулминира во период 1 - 3 септември со фотографска изложба од сите урбани интервенции низ Скопје, презентации од страна на урбаните херои кои имаат засадено бршлени низ градот, видео инсталации, гастро перформанси и богата музичка програма и дружење.

Проектот „Дотерај го Скопје“ се реализира во рамки на кампањата „Мрдни со Прст” и има за цел да влијае на подигнување на граѓанската свест за урбани прашања и поттикнување на граѓански активизам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Корпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот Теснец

Поморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.

Корпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот Теснец

Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“.

Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат.

„Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението.

Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во Украина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.

Вучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во Украина

Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели:

„Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“.

https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

Нов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. 

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

„Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ.

„Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер