Повик за номинации за Наградата за образование и одржлив развој од УНЕСКО и Јапонија за 2025 - Канал 5

Повик за номинации за Наградата за образование и одржлив развој од УНЕСКО и Јапонија за 2025

 Министерството за образование и наука известува дека УНЕСКО има отворен повик за номинација за Наградата за образование и одржлив развој за 2025 година, финансирана од Владата на Јапонија.

Повик за номинации за Наградата за образование и одржлив развој од УНЕСКО и Јапонија за 2025

-Оваа награда е воведена од УНЕСКО во 2014 година и се доделува за исклителни проекти и програми од областа на образованието за одржлив развој, врз основа на дадени критериуми, и тоа: трансформација, интеграција и иновација. Право на учество имаат државните институции, меѓународните организации, организации од граѓанскиот и приватниот сектор, медиуми, академии, центри за истражување, образовни установи и други. Секоја држава членка има право да поднесе најмногу три номинации, се наведува во објавата на МОН.

Наградата се доделува на тројца лауреати и изнесува 50.000 долари по лауреат, по што следува и континуирана соработка со УНЕСКО.

-Номинациите се доставуваат преку онлајн-платформа, од страна на Националната комисија и Постојаната делегација на Република Македонија при УНЕСКО во Париз, за што е потребно тие да се достават во електронска форма, најдоцна до 2 мај 2025 година, на адреса: [email protected], наведува Министерството.

Дополнителни информации во врска со номинациите, условите и критериумите се достапни на линкот: https://en.unesco.org/prize-esd .

Педофил намамувал деца во Грција да влезат во неговиот автомобил- го уапсиле на Велигден

Вистинска драма се одвивала во јужна Грција на Велигден, кога непознат маж намамувал три момчиња во својот автомобил.

Педофил намамувал деца во Грција да влезат во неговиот автомобил- го уапсиле на Велигден

Момчињата на возраст од 9, 10 и 13 години во неделата си играле пред куќата на нивната баба во село во близина на Терме, кога непознат маж на возраст од 40 години го запрел својот автомобил пред дворот и почнал да ги намамува момчињата внатре, објави ЕРТ.

„Ајде, да одиме да се прошетаме“, упорно им кажувал човекот на децата.

За среќа, децата биле доволно свесни да не влезат во автомобилот, а едно од нив почнало да паничи и да повикува помош. Соседот кој ги слушнал врисоците веднаш истрчал надвор, поради што осомничениот педофил нагазил на гас и се оддалечил.

Бабата на момчињата сè уште не можела да се опорави од шокот и добила стрес само размислувајќи што би можело да се случи доколку момчињата наивно влегле во автомобилот.

"Беа толку исплашени. Влегоа во куќата и се тресеа. Ми кажаа како мажот им рекол да влезат во кола, да ги однесе на возење", вели бабата на трите момчиња.

Родителите на едното момче веднаш повикале полиција, која извршила истрага и брзо го идентификувала осомничениот. Според грчките медиуми, станувало збор за странски државјанин кој возел без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба.

Веднаш е приведен и утре треба да биде сослушан кај истражен судија. Тој се товари за обид за киднапирање на малолетно лице, возење без дозвола и возење под дејство на алкохол.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Бил сосема обичен ден. Постара госпоѓа седела пред куќата, пиела кафе и се подготвувала за работа.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Имало многу за чистење во дворот, но прво таа се одморила. Сепак, нејзиното уживање кратко траело, бидејќи наеднаш започнала бура, објави Итемфикс.

Сè полета!

Сè во дворот одлетало и настанал хаос! А потоа ветрот го подигнал лимениот покрив кој паднал токму пред нозете на несреќната жена.

Имала неверојатна среќа и не била сериозно повредена. Единствено што таа морала да го среди настанатиот хаос.

Како изгледаше драматичниот настан, погледнете во продолжение:

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли обвинувањата на Украина за вмешаност на кинески компании во производството на воена опрема за Русија, нарекувајќи ги „неосновани“.

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Оваа изјава ја даде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун како одговор на повикувањето на кинескиот амбасадор од страна на украинското МНР, пишува Укринформ, повикувајќи се на Глобал Тајмс.

„Веќе јасно ја кажавме позицијата на Кина за релевантните прашања. Кина цврсто се противи на неоснованите обвинувања и политичките манипулации“, рече портпаролот.

„Кинеските компании произведуваат оружје на руска територија“

Како што објави Укринформ, на 22 април, кинескиот амбасадор Ма Шенгкун беше повикан во украинското Министерство за надворешни работи поради наводи дека кинески државјани учествувале во борбите на страната на Русија и дека кинеските компании произведуваат оружје на руска територија.

Заменик министерот за надворешни работи Јевхен Перебинис за време на средбата истакна дека доказите за учеството на кинеските граѓани во војната против Украина, како и вмешаноста на кинески компании во военото производство во Русија, предизвикуваат сериозна загриженост и се во спротивност со духот на партнерството меѓу Украина и Кина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на 7 април изјави дека Украина добила информации дека Кина и доставува оружје на Русија - конкретно барут и артилерија. Кина на 18 април одговори дека не испорачала смртоносно оружје на ниту една страна во војната.

Кинеското Министерство за надворешни работи уште еднаш ги отфрли сите обвинувања, нагласувајќи дека тие се политички мотивирани и неосновани.

притисни ентер