3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
МакедонијаПовик за финансиски понуди за автопатот Кичево - Букојчани на 1 август, најави НиколоскиПовик за финансиски понуди за автопатот Кичево - Букојчани во должина од 11 километри ќе биде објавен задутре, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостување на ТВ Канал 5 Николоски денеска истакна дека се работи интензивно на автопатските решенија на Коридорот 8, посочувајќи дека си поставиле рок до крај на 2028 година од граница со Бугарија до граница со Албанија да има целосен автопат. - На автопатот Кичево Охрид се работи интензивно. На автопатот не се работело добри 7,5 - 8 години и се работи во последните девет месеци, затоа што ни требаа неколку месеци да видиме каква е состојбата, да се соберат документи, да се направи анализа, итн.. За овие осум-девет месеци успеавме да ги завршивме првите 20 километри, на крајот на летото ќе пуштиме уште 17-18 километри. Потоа одиме во потешката фаза, остануваат уште 17 километри плус тунели од два километри кои што се завршени, сега се работат пристапните патишта. Очекувам до крајот на следната година како што е согласно законот што е усвоен и рокот што е зададен да го завршиме и првпат да имаме проект кој е завршен во рок, нема да е во првичниот рок, туку во продолжениот рок кој не е зададен од нас туку од претходната влада да го испочитуваме и да се заврши, рече Николоски. Не застануваме тука, дополни министерот, и продлжуваме со активности во делот на спојката помеѓу двата автопата, Охрид - Кичево и Букојчани - Скопје. - За Кичево Букојчани задутре излегува повикот за финансиски понуди, го работиме заедно со Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова развој. Има и грант компонентна, тоа се 11 километри, а на Гостивар-Букојчани веќе се работи интензивно, исто така и Гостивар-Тетово. Тетово-Скопје веќе има автопат и крајниот рок што го поставивме е до крај на 2028 година од граница со Бугарија до граница со Албанија, односно од Крива Паланка до Струга и Охрид да има целосен автопат, рече Николоски.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДвајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter