Повеќедецениско истражување ја откри универзалната формула за среќа! - Канал 5

Повеќедецениско истражување ја откри универзалната формула за среќа!

Можеби ќе помислите дека за секого причините за среќа се индивидуална работа - за болниот тоа е здравјето, за осамениот друштвото и вниманието, за сиромашниот - парите, но научниците од Харвард спроведоа истражување кое трае цели 75 години, и заклучиле дека може да се претстави една универзална формула за среќата.

Повеќедецениско истражување ја откри универзалната формула за среќа!
Всушност се работи за две долгорочни студии. Во првата биле анкетирани 268 дипломци од Универзитетот Харвард од генерацијата 1939 - 1944, а во втората „Студија на среќата“ биле анкетирани 456 мажи кои растеле во сиромашни услови во Бостон.

Научниците собрани околу Роберт Валдингер, директор на „Харвардската студија за развој на возрасните“ ги следеле учесниците во студијата со години, ги проучувале нивните животни приказни, професионалниот пат и здравјето.

Голем дел од учесниците во студијата починале, останале само 60 кои сеуште се во контакт со научниците. Почната е и нова студија во која учествуваат 2 000 деца. И самите научници кои ја почнале студијата се заменети со нови генерации. Низ овие 75 години трагање по причините за среќа, може да се донесе следниот заклучок:

Image result for среќа


- Добрите односи придонесуваат да бидеме поздрави и посреќни. Не е важно колку пријатели имаме, туку каков е квалитетот на односите со нив. Тоа не значи дека не можеме сериозно да се скараме, но чувството дека имаме секогаш на кого да се потпреме и да бидеме сигурни во него, е со многу поголема тежина. Луѓето кои се осамени и немаат стабилни меѓучовечки односи не само што се несреќни, туку имаат и послабо здравје во староста, и послаби мозочни функции. Учесниците кои на 50 годишна возраст изјавиле дека имаат добри меѓучовечки односи, во длабоката старост биле поздрави од другите - вели Валдингер, кој е четврта генерација меѓу научниците што ги воделе истражувањата за причините за среќата.


Image result for old friends



Според тоа, кога ќе ги најдете, чувајте ги своите пријатели и бидете им стабилна поддршка, не се штедете себеси во љубовта кон блиските и грижата за оние кои се грижат за вас - и ќе живеете подолго и среќно!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер