Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
2Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
ЖивотПовеќе права и вработувања за хендикепиранитеСпоред податоците на светска здравствена организација, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид хендикеп. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби. Во Македонија се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со Елена Кочоска од „Полио плус“. - Каква е состојбата во Македонија, како е да се живее со инвалидност и да се работи со инвалидност? „Нашата земја има се уште чекори кои треба да ги преземе за да се надминат предизвиците во поглед на феноменот хендикеп“ – изјави Кочоска. Целиот разговор погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучниЗаедничка изјава на Си, Трамп и Путин од трилатералната средба во Шенжен .Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава по нивниот историски трилатерален самит. Тројцата лидери наведуваат дека се посветени на залагањето за реформа на Обединетите нации, со цел организацијата „поефективно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна мисија – зачувување на меѓународниот мир и безбедност“. Тие, исто така, се договорија да го зголемат производството на преработени нафтени деривати „за добробит на сите нации“, и покрај меѓународните санкции насочени против продажбата на руска нафта. Дополнително, во изјавата се потврдува „почитувањето на имунитетот на државните функционери“ и се упатува повик до Меѓународниот кривичен суд да не ја „злоупотребува“ својата надлежност. Ова меѓународно тело издаде налог за апсење на Владимир Путин поради неговата наводна одговорност за воени злосторства во руската војна во Украина. Лидерите, исто така, потврдија дека „не смее да се води нуклеарна војна“ и ветија дека ќе „воспостават дијалог“ за нуклеарните ризици и пролиферацијата, откако Трамп се залагаше за денуклеаризација во своето воведно обраќање и коментари пред самитот. Општи заклучоци: Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите нации. Тие уште еднаш ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови. Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина, Русија и Соединетите Американски Држави се посветени на промовирање на реформата на Обединетите нации за да можат поефикасно да одговорат на глобалните предизвици и да ја исполнат својата основна мисија за зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на национална согласност и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од најголема важност, и се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност. Трамп, Путин и Си повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Трите земји ќе започнат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓаниГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме. Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски. Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook