Повеќе паркинг за жителите и нова хуманитарна зона во Општина Центар - Канал 5

Повеќе паркинг за жителите и нова хуманитарна зона во Општина Центар

​ЈП Паркинзи на Општина Центар воведува унапреден модел на паркирање со повластени услови за жителите и нова хуманитарна зона.

Повеќе паркинг за жителите и нова хуманитарна зона во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Oпштина Центар воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите.

Со измените во новите подзаконски акти на ЈП ПОЦ, жителите на Општина Центар и понатаму добиваат можност за користење на паркинг простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, секоја станбена единица добива обезбедено бесплатно паркирање за едно возило во својата зона, како гаранција за приоритет и достапност за жителите. Дополнително, се овозможуваат и проширени опции за користење на услугите на претпријатието за корисниците кои имаат потреба од тоа.

Новите решенија овозможуваат појасна организација на паркинг системот и подобра контрола и поефикасно користење на постојните капацитети, со што се создаваат услови за намалување на сообраќајниот притисок и поттикнување на поодржливи навики во движењето низ градот.

Остварените средства од наплата на услугите ќе бидат ставени во функција на амбициозен инвестициски циклус насочен кон модернизација на инфраструктурата, унапредување на техничките решенија, дигитализација и подобрување на услугите за граѓаните. Измените опфаќаат и усогласувања кај дел од услугите и надоместоците што се однесуваат на месечните паркинг карти, комерцијалните услуги и услугите на пајак-службата, сè со цел одржување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста на системот.

Како дел од новините, ЈП Паркинзи воведува и Зона Х – хуманитарни паркинг места, кои ќе бидат јасно обележани и наменети за поддршка на ранливи категории граѓани. Средствата собрани од користењето на овие паркинг места ќе се донираат за хуманитарни цели, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија.

„Со овие измени воведуваме појасен и поправеден систем на користење на јавните паркиралишта, во кој жителите го задржуваат приоритетот во секторот на живеење. Истовремено, создаваме основа за сериозен инвестициски циклус, модернизација на инфраструктурата и унапредување на услугите што секојдневно ги користат граѓаните.

На овој начин поставуваме поодржлив модел што ќе овозможи подобро управување со паркинг просторот и поквалитетна услуга на долг рок” изјави Душко Коцевски, директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар“.

Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ова е пример како едно јавно претпријатие може да креира решенија кои се функционални, одржливи и во интерес на граѓаните.

„Овие измени се во насока на појасно уредување на повластеното паркирање и поефикасно користење на јавниот паркинг простор. Целта е жителите да имаат подобра достапност до паркинг во близина на своите домови, а системот да биде пофер, поодржлив и подготвен за понатамошни инвестиции и модернизација. ЈП Паркинзи покажува дека со добар пристап може да се воведат ред, поголема достапност и нова вредност во користењето на јавниот простор, вклучително и преку хуманитарните иницијативи“, истакна Герасимовски.

Со овие измени се поставува основа за појасен, пофункционален и поодржлив систем на паркирање, усогласен со реалните потреби на граѓаните и урбаното живеење.

​ЈП Паркинзи на Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер