Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗдравјеПовеќе од третина од учениците во второ одделение со зголемена телесна тежина или дебелинаПовеќе од третина од децата на возраст од шест до осум години кои одат во второ одделение во државава имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Од нив поголемиот број живеат надвор од Скопскиот регион. Сепак, во изминатите неколку години е регистрирана стагнација на бројот на деца со зголемена телесна тежина или дебелина во државава. Докторите препорачуваат дека здравиот начин на исхрана и физичката активност од еден час дневно се клучни децата да имаат нормална телесна тежина. Доктор Игор Спироски од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за МИА изјави дека, според нивните податоци, во 2016 година 36,1 отсто од сите деца од второ одделение (на возраст од шест до осум години) имале зголемена телесна тежина или дебелина, во 2017 година – 37,4 отсто, а во 2018 година – 36,9 отсто. Во 2016 година 17,9 отсто од децата на таа возраст биле дебели, во 2017 година – 16,9 отсто, а во 2018 година – 18,6 отсто. Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место. Тој посочи дека ИЈЗ континуирано го мери бројот или стручно кажано преваленцата на децата со зголемена тежина телесна и дебелина и тоа на различни возрасни групи, а таа што ја сметаат за најрелевантна е возрасната група од седум години или од второ одделение деца, бидејќи со неа учествуваат во иницијативата за следење на дебелината кај децата на СЗО, која се прави секои три години. – Податоците од последните три круга, значи од последните девет години покажуваат дека преваленцата на деца кои имаат зголемена телесна тежина или се дебели е во стагнација, што значи не опаѓа и не расте. Не треба да бидеме задоволни со тоа, бидејќи кога ќе споредиме каде сме со другите држави во Европа што учествуваат во иницијативата, а тоа е и идејата на иницијативата да бидат споредливи податоците, ќе видиме дека сме во горниот дел на табелата, што ги рангира земјите од Европа кои имаат таков проблем кај оваа популација, рече д-р Спироски. Според податоците од ИЈЗ, појасни тој, во 2016 година 32,9 отсто од женските деца кои одат во второ одделение имале зголемена телесна тежина, во 2017 година – 33,2 процента, а во 2018 година – 33 проценти. Во 2016 година 15,2 отсто од женските деца во второ одделение биле дебели, во 2017 година – 13,1 отсто, а во 2018 година – 14,9 отсто. Во 2016 година 39,4 отсто од машките деца кои одат во второ одделение имале зголемена телесна тежина, во 2017 година – 41,1 отсто, во 2018 година – 40,8 отсто. Во 2016 година 20,5 отсто од машките деца во второ одделение биле дебели, во 2017 година – 20,2 отсто, а во 2018 – 22,2 отсто. Значи, кај машките деца има мало зголемување, а кај женските мало намалување на процентот. – Поентата е дека има стагнација, но пак ќе речам, ние не треба да бидеме со тоа задоволни. Причините за зголемена телесна тежина и дебелина кај децата се начинот на живот, немањето доволно физичка активност, начинот на исхрана… Добро ги знаеме придобивките од здравиот начин на исхрана и од редовната физичка активност, вели д-р Спироски. Тој им препорачува на родителите да ги советуваат своите деца согласно препораките за здрава исхрана. – Физичката активност исто така треба да се комбинира со исхраната. Децата минимум еден час во текот на денот треба да бидат физички активни, од средно до високо ниво на физичка активност, а возрасните до 30 минути да бидат активни пет дена во неделата. Тоа се генералните препораки, додаде д-р Спироски. Според податоците од СЗО, на глобално ниво во 2016 година бројот на деца со прекумерна тежина под пет години се проценува на над 41 милион. Речиси половина од децата со прекумерна тежина до пет години живееле во Азија, а една четвртина во Африка. – Децата со прекумерна телесна тежина и дебелина најверојатно ќе останат дебели во зрелоста и со поголема веројатност ќе развијат незаразни болести, како што се дијабетес и кардиоваскуларни заболувања на помлада возраст. Прекумерната телесна тежина и дебелината, како и нивните сродни заболувања, во голема мера може да се спречат, стои во извештајот на СЗО. Се проценува дека во светот има повеќе од 150 милиони деца со прекумерна телесна тежина и доколку не се преземат неопходните мерки на претпазливост, бројот ќе се зголеми на 250 милиони до 2030 година. Според препораките на СЗО, здравиот начин на исхрана вклучува ограничување на внесот на енергија од вкупните масти и шеќери, зголемување на потрошувачката на овошје и зеленчук, како и мешунки, интегрални житарки и ореви и редовна физичка активност (60 минути на ден за деца и 150 минути распоредени во текот на неделата за возрасни)./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизШакира се расплака на концертот во Мадрид, му се заблагодари на поранешниот партнер (ВИДЕО)Шакира емотивно ја заврши својата европска турнеја синоќа во Мадрид. Колумбиската пејачка (49) се збогува со публиката во понеделник, 12 октомври, по 13 концерти во шпанската престолнина, кои ги посетија вкупно повеќе од 700.000 луѓе. За време на нејзиниот последен настап во Макондо Парк, таа отворено зборуваше за приватните проблеми и здравјето на нејзиниот татко, а особено му се заблагодари на својот поранешен партнер Антонио де ла Руа, кој ѝ беше голема поддршка, пишува AS. Пред 55.000 луѓе на нејзиниот последен концерт, Шакира се осврна на изминатите недели и откри колку многу ѝ значеа настапите во Мадрид. „Мислам дека овој месец беше еден од најважните во мојата кариера. Овие концерти во Мадрид се историски за мене“, призна таа од сцената. Зборуваше за здравјето и приватните проблеми на нејзиниот татко Но, зад успешните настапи, имаше и тешки моменти. Шакира призна дека изминатите недели беа обележани со семејни грижи и приватни проблеми за кои веќе беше објавено во медиумите. „Овој месец поминав низ тешки времиња поради здравјето на мојот татко, но и поради приватни проблеми за кои веќе знаете“, им рече таа на публиката, очигледно алудирајќи на неодамнешните несогласувања со поранешниот партнер Жерар Пике. Пејачката нагласи колку многу ѝ значеше поддршката од нејзините обожаватели. Таа објасни дека нивната љубов на секој концерт ѝ даваше сила да продолжи да настапува и покрај сè што се случуваше во нејзиниот приватен живот. „Поради тебе, времето навистина запира и јас ја враќам силата. Со тебе уживав како да сум само на почетокот на мојата кариера и никогаш нема да го заборавам тоа“, рече таа. Таа особено му се заблагодари на својот поранешен партнер Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи кога Шакира го спомена поранешниот партнер Антонио де ла Руа. Таа беше во врска со Аргентинецот повеќе од десет години, а во последните години повторно се зближија, овој пат како пријатели. Антонио ја поддржуваше за време на турнејата, а учествуваше и во реализацијата на проектот Макондо Парк. „Сакам да му се заблагодарам на човекот кој некогаш беше мој партнер, а денес е мој голем пријател. Мојата сродна душа. Антонио де ла Руа. Антонио, ти благодарам. Ти благодарам за твоето пријателство“, рече таа пред илјадници собрани. Иако нивната љубовна врска заврши одамна, тие останаа блиски, а за време на последниот концерт во Мадрид, Шакира одлучи јавно да му се заблагодари за неговата поддршка и пријателство.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУченик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс. Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат. 🔴 Un collégien à tiré sur une professeure et le principal à Aubagne (Bouches-du-Rhône). Les deux victimes ont été hospitalisées. Leurs jours ne sont pas en danger. L'élève est ce soir en garde à vue. Une enquête pour "tentatives d'assassinat" est ouverte. #JT20h https://t.co/fx7j0TPLiy — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) October 12, 2026 Истрагата е префрлена во Париз Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот. FRENCH ANTI-TERROR PROSECUTOR SAYS TAKING OVER INVESTIGATION INTO SOUTHERN FRANCE SCHOOL SHOOTING — CGTN Europe (@CGTNEurope) October 13, 2026 Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“. Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.Тагови: тероризам ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter