3Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ЖивотПовеќе од половина од лекарите во Италија се изложени на ризик од прекумерна исцрпеностКако што се наведува во извештајот, тие често мораат да работат под стресни услови.Малку повеќе од половина од лекарите во Италија, 52 отсто, како и 45 отсто од медицинските сестри се изложени на ризик од прекумерна исцрпеност поради стрес и други видови на оптоварување, се вели во најновиот извештај на фондацијата Енпам и агенцијата за истражување Еурипес. Како што се наведува во извештајот, тие често мораат да работат под стресни услови, во клиники каде што нема доволно медицински персонал, а се повеќе се соочуваат со агресивно, а понекогаш и насилничко однесување на пациентите и нивните семејства, пренесоа италијанските медиуми. За нивниот обем на работа придонесува и тоа што голем дел од нив работат врз основа на договори за привремена работа, а во тој случај нивните плати се за 22 отсто помали од нивните колеги во другите европски земји./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
НБАЛос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи. Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти. ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат. Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент. Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗемјотрес во БиХЗемјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. Сè уште нема информации за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЏа Морант трејдуван во ПортландЕдна од најголемите размени летово во НБА е официјализирана. Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс. Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис. Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми. Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook