СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
2СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
СветПовеќе од 80 убиени во Газа, додека Израел ги засилува нападитеВо најновите жестоки израелски воздушни напади низ Појасот Газа, изведени во текот на ноќта и утринава, наводно се убиени 81 лице, а многу повеќе се повредени, јави ДПА.Палестинската новинска агенција ВАФА (WAFA) соопшти дека повеќето од жртвите биле жени и деца. Повикувајќи се на медицински лица, ВАФА објави дека во еден од нападите, во областа Ал-Маваси, во јужна Газа, биле убиени повеќе од 20 лица, а околу 100 се повредени. Во нападот наводно бил погоден шатор во кој се сместени раселени лица. Овој извештај не може да биде независно потврден, наведува ДПА. Израелската војска како одговор на обвинувањата изјави дека го истражува инцидентот. ВАФА јави за повеќе други смртоносни напади низ различни области на крајбрежната енклава. ДПА потсетува дека израелската војска (ИДФ) пред два дена соопшти дека го интензивира притисокот врз исламистичката група Хамас, која сè уште држи десетици заложници, со започнување „обемни напади“. Израелските власти соопштија дека плановите вклучуваат заробување и држење територија, заедно со преместување на стотици илјади цивили од север кон југ од Појасот. Набљудувачите стравуваат дека новата офанзива - наречена „Кочиите на Гидеон“ од страна на војската - ќе доведе до многу повеќе смртни случаи во крајбрежниот појас, каде што луѓето живеат во катастрофални услови. Израелската војска од почетокот на март не дозволува помошта за Газа да биде испорачана во енклавата, обвинувајќи го Хамас дека ги препродава залихите за помош на сè посиромашното население, потсетува германската агенција. /МИАТагови: Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“ Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Како што беше објавено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Џенин Џон Теил (38) на паркингот на голф-клубот, а во џебот од неговите панталони била пронајдена кутија со 16 куршуми со шуплив врв (hollow-point), додека во возилото биле пронајдени наполнето огнено оружје со куршум во цевката и уште една наполнета кутија со муниција со шуплив врв, пренесува ABC. Теил е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување муниција за пробивање оклоп, односно забранета муниција, соопшти канцеларијата на шерифот. По апсењето, детективите пронашле дополнително огнено оружје и „повеќе тетратки што содржеле вознемирувачки записи“ во домот на мажот. Осомничениот, идентификуван како 38-годишниот Џенин Џон Теил од Дауни, Калифорнија, е задржан во притвор со одредена кауција од 250.000 долари, а неговото појавување пред судот се очекува на 26 август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со водаВладата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании. Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето. Скопје, 05.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисАлкараз се повлече и од Мастерс турнирот во СинсинатиКарлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен? Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година. Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата. Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.Тагови: Карлос Алкараз тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook