Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
КултураПовеќе од 80 млади уметници на меѓународниот натпревар „Охридски бисери"Натпреварот во Охрид им овозможува на младите уметници да ги претстават своите вештини на инстументот, но и претставува можност за размена на искуства со колеги од целиот свет. Повеќе од 80 млади уметници од Германија, Обединетото кралство, Русија, Полска, Литванија, Грција, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и од државава ќе бидат дел од годинешното 18-то по ред издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери", што почнува утревечер во големата сала на Општина Охрид. Во рамки на петте натпреварувачки дена ќе настапат уметници на дувачките инструменти флејта, обоа, кларинет, саксофон, труба, хорна и тромбон, како и изведби на камерни дела во различни состави со споменатите инструменти. Натпреварот во Охрид им овозможува на младите уметници да ги претстават своите вештини на инстументот, но и претставува можност за размена на искуства со колеги од целиот свет, како и контакт со врвни педагози и репродуктивни уметници од областа на класичната музика кои се дел од жирито. Поставувањето високи стандарди при конципирањето на програмата и строгата селекција на наградени учесници се предизвик за посебно надарени млади музичари од целиот свет кои веќе осумнаесет години доаѓаат во Охрид и со учеството на натпреварот ја надградуваат својата професионална уметничка кариера. „Охридски бисери" е единствен меѓународен натпревар од Македонија е дел на Европската асоцијација на музички натпревари (ЕМСИ), заедно со уште педесетина други натпревари од 30 европски земји. Асоцијацијата ЕМСИ е формирана во 1970 година во Брисел, како можност за афирмација на особено надарени млади уметници и нивна промоција на професионалните концертни подиуми во Европа и во светот, што се остварува и преку организирање на семинари и мастер-класи со еминентни педагози и репродуктивни уметници, концертни турнеи, настапи со оркестри и вредни стипендии од универзитети во Европа и САД. За годинешното издание на натпреварот своето учество во жири-комисиите го потврдија професори од повеќе европски музички академии и тоа Андреј Иков, професор по труба и прв трубач во светски познатиот Баљшој театар од Москва, Детлеф Бенсман, саксофонист и Петер Арнолд, хорнист од Германија, Пенчо Пенчев, професор по труба од Бугарија, Бранко Михановиќ, обоист од Загреб, Бранислав Аксин, тромбонист и Лаура Леваи Аксин, флејтистка, двајцата професори на Музичката академија во Нови Сад, Србија, Емир Нухановиќ, кларинетист од Сараево, Босна и Херцеговина, како и нашите Страшо Темков, професор по флејта и Васо Ристов, професор по труба од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Инаку, на „Охридски бисери" ќе се доделуваат по три главни награди за секоја дисциплина и категорија, а од победниците на завршниот концерт стручното жири избира тројца добитници на вредни парични премии и наградата „Гран-при" за најуспешниот учесник на целиот натпревар. Освен тоа се доделуваат и специјални награди од асоцијацијата ЕМСИ, од Фондацијата „Томислав Зографски", од нашите здруженија СОКОМ и СМУМ, како и награда инструмент саксофон од компанијата „Јамаха" за најуспешниот саксофонист. На свеченото отворање утревечер со почеток во 21 часот, во салата на градското собрание на Охрид, концерт ќе одржат Ања Малков, флејтистка од Србија, добитник на наградата Гранд при на „Охридски бисери 2017" и гудачкиот квартет на Македонската филхармонија. Натпреварот „Охридски бисери" ќе се одржи со финансиска поддршка на Министерството за култура и градоначалникот на општина Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВо понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканСедум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка ИлиќСо одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“. Судска одлука Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело. Обвинителство и поврзан смртен случај Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози. Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници. Извор: Индекс.хрТагови: Данка Илиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријаваЛицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter