ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
2ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
3Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
ЗабаваПовеќе од 63 милиони луѓе ја виделе снимката од маж со неговиот мачор (ВИДЕО)Карим и Фифи се брачен пар кој започнал да снима забавни видеа од своите мачки за време на пандемијата и да ги објавува на ТикТок.Нивниот профил на „ТикТок“ има 3,7 милиони следбеници,а едно такво видео е прегледано 63 милиони пати и тоа само на оваа социјална мрежа. На него се гледа како Карим и мачорот Чејс земаат слободен ден. И двајцата имаат парчиња краставица на очите, лежат тивко на креветот и слушаат релаксирачка музика. Потоа, Фифи влета во собата, му нареди на Гугл да ја запре музиката и го прашува Карим што прават. Тој и објаснил дека земале слободен ден за спа третман. Кога Фифи се обидува да го натера Чејс да стане, тој жестоко им се спротивставува, па Фифи на крајот ги остава во мир. View this post on Instagram A post shared by Kareem & Fifi (@dontstopmeowing) „Досадно ни беше дома за време на карантинот и поминувавме многу време со нашите мачки, па решивме да снимаме видеа со нив“, изјави Карим за „Bored Pandа“. Двојката има три мачки, најстарата Скај, Чејс и најмладата Мили. Тие исто така направиле уште едно видео каде Карим овој пат ужива со сите три мачки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоциклВо сообраќајна несреќа на улица Радишанска загина возач на мотоцикл.-Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид, информираат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: 40.000 навивачи на Трабзонспор го пречекаа Салах40.000 навивачи го пречекаа Салах во неговиот нов клуб .Египетскиот фудбалер Мохамед Салах (34) официјално е претставен како нов играч на турскиот клуб Трабзонспор. Досегашниот член на Ливерпул, беше пречекан на стадионот „Папара Парк“ од повеќе од 40.000 навивачи , кои му приредија спектакуларен пречек. Салах потпиша двегодишен договор со турскиот клуб, кој му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона. Покрај фиксната плата, договорот вклучува и бонуси врз основа на учинокот, како и 20 проценти од приходите од продажбата на клупски производи со неговото име. Mohamed Salah, evimiz Papara Park’ta 👑🔥 pic.twitter.com/3PY16cgr29 — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 6, 2026 Салах излезе на теренот носејќи бордо-син дрес со бројот 10. Тој ја поздрави публиката, која возврати со гласно навивање. На екраните низ стадионот беа прикажани пораки за добредојде на турски и на англиски јазик. Египетскиот напаѓач им се обрати на присутните, истакнувајќи дека му се приклучил на клубот со цел да освојува трофеи. Неговото доаѓање се смета за еден од најзначајните трансфери во историјата на турската Суперлига и ги нагласува високите амбиции на Трабзонспор да се натпреварува во самиот врв на турскиот фудбал. За Трабзонспор Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со ЕвропаЛиберално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8.Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра европски грант за овој проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација на проектот. Таквите пропусти не смеат никогаш повеќе да се повторат. ЛДП со години укажува дека инфраструктурните проекти што ја поврзуваат Македонија со Европа се национален интерес кој треба да има поддршка без разлика која политичка гарнитура е на власт Затоа, за ЛДП ваквите проекти не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки. Очекуваме по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, затоа што на Македонија ѝ се потребни резултати, а не само свечени потпишувања. ЛДП ќе продолжи да поддржува секој проект што ја доближува Македонија до Европската Унија, ја подобрува регионалната поврзаност и создава услови за економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04