Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?
1Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?
МакедонијаПовеќе од 50 воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР се модернизираа и обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода.Во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари. Ова го потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски, по свечено отворање на најновата инвестиција на производствените капацитети на компанијата „Реплек“. Нагласи дека возилата се подготвуваат во моментов и како што рече, многу скоро ќе биде изведена показна вежба за тоа како „од ништо е направено нешто“. Вели старите возила се модернизирани и на нив се инсталирани посебни резервоари за вода со различен волумен до шест тона. – Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР се модернизираа и обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени. Она што ни беше многу важно навечер кога, како што велат стручно, оганот спие да може да му пристапиме и угасиме за да не се распламти преку денот. Возилата се подготвуваат и многу скоро денеска ќе бидете сведоци на показна вежба, како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со различно инсталиран волумен на вода до шест тона, така што очекувам да ги пречекаме пожарите подготвени, рече Мицкоски. Оцени дека државата е далеку поподготвена да се справи со летните шумски пожари за разлика од изминатите години, посочувајќи ги хеликоптерите на Армијата и Министерството за внатрешни работи, како и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување. – Секаде за време на летниот период се случуваат пожари, но за разлика од изминатите години, оваа година сме многу поподготвени, пред сѐ тука мислам на армиските и полициските хеликоптери, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два нив се тука го чекаме и третиот да пристигне, популарно наречените Ер трактори, рече Мицкоски. За тоа колкава сума пари е одвоена за оваа пренамена на возилата, премиерот рече „многу малку и тоа е пред сѐ е работа завршена на волонтеристичка база и општествено одговорни компании, Буџетот не го чини воопшто“. Тагови: пожар Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?Аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито. Тоа е трагата која носи до многу поголем криминал. Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари. Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС. Го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари? Почитувани, Богоев беше поставен од СДС. Џемо е човек од СДС. Тендерот е во државна институција. Затоа никој не смее да глуми дека ова е личен инцидент. Ова е партиска шема, создадена од матрицата на СДС. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСерија силни земјотреси во Грција: Граѓаните во паникаСерија силни земјотреси во Грција: Четири земјотреси за само четири минути- Граѓаните во паника.Четири земјотреси, за само четири минути, ја погодија Грција, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес бил во близина на Мантуди. Иако првичните информации беа дека бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, EMSC подоцна објави дека бил со јачина од 4,8. За неколку минути, следеа уште потреси. Како што објави EMSC, земјотресите биле со јачина од 4,3 степени, а потоа со јачина од 5,2 и 5,0. Како резултат на земјотресот е предизвикана материјална штета. Нема повредени, а противпожарните служби вршат патроли во поширокото подрачје и отстрануваат камења од патиштата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаФилипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правотоПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“, се осврна на европската интеграција за Македонија Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“, се осврна на европската интеграција за Македонија посочувајќи дека тоа не претставува само политички процес, туку директен пат кон подобар живот за граѓаните и воспоставување на владеење на правото. „Европа за граѓаните не значи апстрактен збор во дипломатски извештај. Европа значи поквалитетен и полесен живот. Значи помалку малтретирање и администрација при патувања, поквалитетно образование, сигурност во работата, подобро здравство, повисоки плати. Значи повеќе средства за инфраструктура, железница, енергетска трансформација, чист воздух и локален развој. Значи правила што не дозволуваат министер, директор или партиски шеф да биде над законот. Значи пофер пазар за македонските компании. Значи шанса младите да ја гледаат иднината тука, а не само во аеродромските терминали. Значи владеење на правото, подобри јавни услуги, поголема заштита на работничките и потрошувачките права и посилен отпор кон криминалните и коруптивни мрежи. Европските и прогресивните партнери деновиве јасно порачаа и уште нешто важно: реформите не се прават затоа што така бара Брисел, туку затоа што тие им го подобруваат животот на нашите граѓани и го прават општеството поправедно,“ потенцираше претседателот на СДСМ, проф д-р Филипче. Филипче: Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам, нагласипретседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека во правосудството нема напредок, а власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. „Во правосудството нема напредок, напротив власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. Не само што не постои борба против коруцијата, туку додека корупцијата цвета, власта го користи обвинителството за реваншизам и напади на опозицијата. Медиумите се во многу загрижувачка состојба, опаѓа слободата на печатот, се зголемува контролата од партиите на власт. Демократијата замира во оваа наша земја“, рече Филипче. Тој додаде зад пораките на власта за стабилност се крие сосема поинаква реалност, во која граѓаните се соочуваат со економски притисоци, институционален застој и чувство на несигурност. „Тоа е вистинската слика на владеењето денес. Скапотија за граѓаните, самоувереност на власта, празен ПР, застој во институциите, контрола на медиумите и конфузија во стратешките прашања. Власт што зборува за стабилност, а произведува несигурност. Власт што се повикува на достоинство, а всушност ја нуди беспомошноста како државна стратегија. Власт што сака да изгледа голема на фотографија, а секојдневно станува мала пред проблемите на луѓето“, рече Филипче. Она што е опасно како што кажа Филипче е што целата слабост, неуспех и неспособност се прикрива со националистичка реторика. „Зашто најлесно е неуспехот да се покрие со врева. Најлесно е тешката реалност да се оттурне со наметнато чувство дека секоја критика е предавство, дека секој разумен предлог е слабост, дека секој повик за храбрa одлука е понижување. Но, држава не се води со инает. Држава се води со визија. Држава не се брани со изговори. Држава се брани со резултати“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 07.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook