3НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
СветПовеќе од 430 лица уапсени во Јужна Кореја во врска со злосторства со детска порнографијаЈужнокорејската полиција денеска соопшти дека 435 осомничени се уапсени за време на голема меѓународна истрага спроведена во соработка со пет други азиски земји во врска со злосторствата со детска порнографија.Националното биро за истраги (НОИ) соопшти дека истрагата била спроведена во февруари и март во соработка со полицијата на Јапонија, Сингапур, Тајланд, Малезија и Хонг Конг, на барање на Сингапур, објавија јужнокорејските медиуми. Јужна Кореја имаше најголем број апсења, со 374 уапсени лица. Од нив, 258 беа уапсени за поседување или гледање материјал за сексуална злоупотреба на деца, 74 беа идентификувани како производители на содржина, а 42 како дистрибутери. Повеќето од сторителите во Јужна Кореја биле тинејџери, 213 во тинејџерски години, додека 127 биле на возраст од 20 години и 23 во 30-тите години. Во Јапонија, властите пријавија апсење на 111 лица под обвиненија кои вклучуваат детска проституција и кршење на законите за детска порнографија.Тагови: детска порнографија Јужна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенствоГрупната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот. Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија. Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција. Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули. Пинг-понгарска федерација на МакедонијаТагови: пинг понг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter