Повеќе од 400 македонски граѓани се интересирале за евакуација, 30-тина побарале веднаш да ја напуштат зоната на конфликт - Канал 5

Повеќе од 400 македонски граѓани се интересирале за евакуација, 30-тина побарале веднаш да ја напуштат зоната на конфликт

Повеќе од 400 македонски државјани се затекнати во загрозените подрачја на Блискиот Исток по војната во Иран и веќе побарале инфомации за можна евакуација од Катар, Израел или Обединетите Арапски Емирати. 

Повеќе од 400 македонски граѓани се интересирале за евакуација, 30-тина побарале веднаш да ја напуштат зоната на конфликт

Од МНР велат дека бројката на граѓани кои се обраќаат за помош во некоја од амбасадите во Абу Даби, Тел Авив или Доха се менува од час во час и дека 30-тмина се поготвени за евакуација во прва прилика, но дека во моментот не постојат безбедни услови за евакуација од Обединетите Емирати и Катар. Најголемиот број граѓани кои бараат да бидат евакуирани се наоѓаат токму во овие две држави, потврдуваат од МНР.

- “Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата. Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа“, информираат од МНР.

За македонските државјани кои се наоѓаат во Израел, како што информираат од МНР, веќе активно се разгледува можноста за нивно безбедно извлекување од земјата. Од македонската амбасада во Тел Авив за Канал 5 велат станува збор за неколку дестици граѓани и дека веќе се подготвуваат за евакуација, но не откри кога точно ќе бидат извлечени.

Во меѓувреме на Блискиот Исток и натаму се слушат експлозии и граѓаните се плашат да ги напушат своите живеалишта. Велар ги чекаат упаствата и насоките од тамошните институции додека ракети прелетуваат над нивните глави.

По екскалациите на Блискиот Исток вечра во земјава заседаваше и Советот за базбедност кој оцени дека состојбата во Македонија е стабилна и безбедна и дека се бара начин за што поскорешна евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во земјите во близна на Иран.

„Луѓето се загрижени, причината е затвореното небо за прелети. Во некои држави, во Катар на пример имаше можност беше и со бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени, дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи, коешто пак работи на тоа, да најде најдобар начин што е можно најбрзо оние кои сакаат да може да дојдат овде“– Гордана Сљановска Давкова, претседателка на Македонија

За безбедносната состојба и тензиите на Блискиот Исток премиерот Мицкоски денеска телефонски разговарал и со претседателот на обединетите Емирати при што освен сочувство за жртвите, укажал и дека нападите врз суверени држави се сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност.

„Македонија како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет, додавајќи дека во услови на зголемена неизвесност неопходни се координација со сојузниците, одговорност и заеднички напори за спречување понатамошна ескалација“, напиша Мицкоски на Фејсбук по остварениот телефонски разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2

Односот меѓу Кристијано Роналдо и новиот тренер на Ал Наср, Анге Постекоглу, е затегнат по само три кола од новата сезона. 

Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2

Тензиите станаа очигледни за време на натпреварот во вторникот, во кој Ал Наср успеа да ја надомести негативата од два гола и да го победи Ал Етифак со 3–2 – но дури откако Постекоглу го остави Роналдо во соблекувалната на полувремето.

Актуелните шампиони се најдоа во неволја уште во 12-тата минута, кога голманот Бенто беше исклучен поради тоа што го собори Муса Дембеле надвор од шеснаесетникот. Ал Етифак ја искористи бројчаната предност и до полувремето поведе со 2–0 со головите на Ондреј Дуда и Алваро Медран. Роналдо, кој за првпат сезонава беше стартер, замина на паузата видно фрустриран; додека одеше низ тунелот, гестикулираше и ја симна капитенската лента.

Постекоглу потоа одлучи да го задржи 41-годишниот напаѓач на клупата, потег што се покажа како исправен. Садио Мане намали на 2–1 во 74-тата минута, а само три минути подоцна, Абдулелах Ал-Амри израмни. Мане го комплетираше пресвртот и ја обезбеди победата за Ал Наср со својот втор гол во 90-тата минута. Роналдо не учествуваше во прославата по натпреварот, а тренерот Постекоглу одби да ја коментира одлуката да го замени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу главните причини ги посочи растечките фискални притисоци и можноста централните банки подолго да ја задржат построгата монетарна политика за да ја контролираат инфлацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

Говор на директорот на ЈПДП Коце Трајановски по повод поставувањето на камен темелник од изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски.

Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот.

На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори.

Јавно претпријатие за државни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер