Повеќе од 3.400 учеснички ја истрчаа 14. Авицена трка - Канал 5

Повеќе од 3.400 учеснички ја истрчаа 14. Авицена трка

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена женска трка, денес го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички.

Повеќе од 3.400 учеснички ја истрчаа 14. Авицена трка

Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.

- Припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сè поголем број натпреварувачки. Оваа година имавме и нова категорија на возраст над 80 години и сите аплаузи отидоа кон овие дами. Со ова докажуваме дека во спортувањето, границите успеавме да ги поместиме, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот и целта на три километри долгата трка беа на булеварот „Илинден“ кај фонтаната Лотос.

Победничка на годишното издание на Авицена женска трка е Душица Јанковиќ, која патеката ја истрча за 11 минути и 24 секунди. Второто место ѝ припадна на Викторија Тодоровска, со истрчано време од 11 минути и 58 секунди, додека пиедесталот го заокружи Емили Ивановска, со време од 12 минути и 6 секунди.

Доделени беа и признанија за најбрзите во 10 возрасни категории. По доделувањето на наградите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на трката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

Најмногу лекови на рецепт земаат граѓаните од Штип, Кочани и Делчево и останатите од источниот регион,во просек по 18 кутивчиња по човек, покажуваа анализата на Фондот, а бележи и зголемување на потрушувачката на најпознатите лекови, како Дијазепамот.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

На еден жител по 18 кутии апчиња. Истокот на Македонија е најзависен од лекови, барем според анализата на Фондот за здравствено осигурување, според која Метформин, Диазепам, Пантопразол и Еналаприл се трошат како алва и остануваат на листата најпродавани лекови на рецепт со над 5 милиони издадени рецепти само за нив. Директорот на Фондот Сашо Клековски вели дека граѓаните си имаат фиоки со залихи на таблети, но пострашна е двојната наплата од страна на аптеките кои освен цела сума од граѓаните му наплатуваат и на фондот. На ова треба да стави крај долгонајавуваниот проект е-рецепт, за кој има надеж дека целосно ќе профункционира годинава.

Од Фондот најавија дека за неколку дена во атеките граѓаните ќе можат по поевтина цена да купат инхалаторна терапија. Спрејот „фостер“ наменет за инхалација кој најчесто го користат луѓето со астма повеќе нема да биде единствениот на пазарот.

Од Фондот велат дека „Клексаните“ се уште се рефундираат, а од наредниот месец се очекува конечно да бидат достапни во аптека за граѓаните. Со ребалансот на буџетот за Фондот се планира зголемување од над една милијарда денари, која во најголем дел е наменета за исплата на породилните отсуства, потврдуваат од Фондот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици

Момчето кое прегази жена во Капиштец во јануари годинава и пребега во Србија, веќе е екстрадиран во земјава и му е одреден притвор во Затворот Скопје.. 

Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици

Во истражниот затвор во Шутка синоќа е спроведен 19 годишниот Саит Саитов кој на почетокот на јануари годинава со автомобил прегази повозрасна жена во скопски Капиштец и побегна надвор од државата. За него беше објавена потерница а еден месец подоцна беше уапсен во Белград по што Министерството за правда побара негова екстрадиција.

„На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка. Саитов беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за кривичноправен настан што се случил во Скопје на 9.1.2026 година.“,велат од МВР.

Со неговото обезбедување Јавното обвинителство ја продолжува истрагата а неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ во разговор за Канал 5 потврди дека ќе го посети во притворското одделение по што со јавниот обвинител ќе биде утврдена динамиката на постапување.

За бегството во Србија на Саитов неколку часа откако ја предизвика сообраќајката му помогнале две лица, мажи жена, негови роднини. Додека траел увидот на местото, тие со автомобил го зеле од домот заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ја напуштиле земјава, а откако ги оставиле во Србија помагачите се вратиле назад. Обвинителството против нив набргу поднесе обвинение за помагање на сторител по извршено кривично дело. И двајцата во март се осудени на затворски казни, Аднан Јакупи на 3 и пол години а неговата сопруга Перихан Шериф на 1 година и 8 месеци затвор. Но според нивниот адвокат Звонко Давидовиќ спорно е што воопшто е донесена пресуда пред да му се суди на сторителот на кој според обвинението му помогнале.

„Значи постапката за сторителот на кривичното дело кое го пишува во диспозитивот на пресудата, Саит Саитов, за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош на лице поввредено во сообраќајна незгода, се уште не е подигнато обвинение а не да има правосилна кривична пресуда. За да постои сторител на кривично дело мора да биде осуден со правосилна кривична пресуда и тоа го предвидува не само КЗ туку ова го предвидува и Уставот на РМ. Вие не може однапред да судите некого кој помогнал на сторител а го немате сторителот, бидејќи немате правосилна пресуда.“

Пресудата за помагачите во бегството на Саитов е обжалена и по основ на невоедначена судска пракса во однос на казните. Според Давидовиќ, изрекувани се пониски казни за директни сторители на сообраќајки со смртни последици за разлика од овие изречени на двајцата помагачи во бегството на Саитов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: До 30 јуни ќе бидат на седница сите закони од реформската агенда

До крајот на месецот сите закони од реформската агенда кои ќе стигнат до Собранието ќе бидат ставени на седница, најави собранискиот спикет Африм Гаши. 

Гаши: До 30 јуни ќе бидат на седница сите закони од реформската агенда

Пред пратениците наскоро ќе се најде и списокот на премиерот Мицкоски за реконструкција на Владата, кој се уште е во фаза на преговори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер