Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари„Gibson“запленети во Калифорнија - Канал 5

Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари„Gibson“запленети во Калифорнија

Според проценките на американските власти, тие гитари би биле во вредност од околу 18 милиони долари доколку се автентични, јавија американските медиуми.

Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари„Gibson“запленети во Калифорнија

Повеќе од 3.000 фалсификувани електрични гитари „Gibson“ се запленети во Јужна Калифорнија, што се смета за најголема заплена на фалсификувани музички инструменти на најпрометниот терминал за контејнери во Северна Америка, соопшти американската царина.

Според проценките на американските власти, тие гитари би биле во вредност од околу 18 милиони долари доколку се автентични, јавија американските медиуми.

Тие беа запленети на пристаништето Лонг Бич во Лос Анџелес, најголемиот терминал на западниот брег, низ кој во 2023 година помина товар во вредност од околу 292 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојка исчезнала додека џогирала низ Њујорк- нејзината крв била пронајдена во станот на поранешен полицаец

Поранешниот полицаец Сејед Мохасиба (27) е обвинет за убиството на 28-годишната Кети Суарез, која беше нападната додека џогирала во Бруклин, а обвинителите открија шокантни детали од истрагата за време на судењето. 

Девојка исчезнала додека џогирала низ Њујорк- нејзината крв била пронајдена во станот на поранешен полицаец

Според нив, траги од крвта на убиената девојка биле пронајдени на ѕидовите од станот на осомничениот, кој наводно се обидел да го исчисти пред да пристигне полицијата, објави Њујорк Пост.

Мохасиба беше уапсен вчера и е обвинет за убиство од втор степен, нелегално поседување оружје и попречување на правдата. За време на сослушувањето во Кривичниот суд во Бруклин, обвинителот Џордан Росман рече дека осомничениот признал дека се обидел да ја отстрани крвта од станот.

Според обвинителите, постојат и снимки од безбедносните камери, како и изјави од осомничениот што го поврзуваат со смртта на младата жена.

Нападот се случил на 30 октомври, кога Суарез џогирала по патеката на брегот на Бруклин, позната како „Шор Парквеј Гринвеј“. Девојката требало да се сретне со своите родители по трчањето, но таа не се појавила во договореното време. Нејзиниот татко тргнал да ја бара и ја пронашол тешко повредена. Таа била однесена во болница, каде што починала неколку дена подоцна.

Истражителите го идентификувале осомничениот со анализа на снимките од надзорните камери, кои, според полицијата, ги снимиле неговите движења во близина на местото на нападот. Се верува дека по инцидентот, тој се обидел да се ослободи од предметите што би можеле да го поврзат со злосторството.

Особено внимание привлечени од наводите за неговото однесување по нападот. Според информациите претходно објавени од американските медиуми, Мохасиб им рекол на истражителите дека не се сеќава на самиот настан, но дека се разбудил облеан во крв.

Осомничениот претходно кратко работел во полициската станица во Њујорк, само неколку недели, по што се приклучил на морнарицата. Потоа работел како асистент на наставник во основно училиште во Бруклин.

По апсењето, Мохасиба бил изведен пред судија, кој одлучил да го задржи во притвор. Неговиот адвокат побарал да биде сместен во специјална единица поради загриженост за неговата безбедност, наведувајќи го високиот јавен профил на случајот. Следното рочиште е закажано за 10 ноември. Мотивот за нападот сè уште не е утврден, а истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж го фрли германското знаме од зградата на Рајхстагот во Берлин и го замени со палестинско (ВИДЕО)

22-годишен маж денеска се искачи на јарболот пред зградата на Рајхстагот во Берлин и го отстрани германското знаме, заменувајќи го со палестинско, соопшти локалната полиција.

Маж го фрли германското знаме од зградата на Рајхстагот во Берлин и го замени со палестинско (ВИДЕО)

„Околу 11:15 часот наутро, еден маж се искачи на јарболот и го крена палестинското знаме“, изјави портпаролот на полицијата Мартин Халвег за „Билд“.

Сторителот претходно го отстранил црно-црвено-златното знаме од 60 квадратни метри и едноставно го фрлил на земја.

Палестинското знаме било отстрането од јарболот пред зградата каде што се состанува германскиот Бундестаг дури по повеќе од еден час.

Според извештаите, уште две лица стоеле под јарболот и го снимале инцидентот.

Пожарникарите успеале да го отстранат мажот од јарболот, а сите тројца биле приведени и започната е истрага.

Пожарникарите пристигнале и ги извадиле своите подвижни скали за да го отстранат мажот и странското знаме од јарболот, а околу 12:30 часот мажот се спуштил, додека палестинското знаме се веело уште неколку минути пред и тоа да биде симнато.

Тројца мажи беа приведени, од кои двајца беа помлади.

Според полицијата, сите тројца осомничени се германски државјани без очигледна миграциска позадина.

Во инцидентот беше осквернавен јарболот, кој е национален споменик - „Знамето на единството“ е симбол на повторното обединување на Германија на 3 октомври 1990 година, а споменикот е висок 28,50 метри.

Поради неговиот заштитен статус, јарболот е ослободен од вообичаеното правило за спуштање на знамето на половина копје за време на жалост. Ова значи дека знамето се спушта само во многу посебни пригоди на жалост.

Полицијата започна истрага за клевета на државата и нејзините симболи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума

Полисата за осигурување на „Титаник“ ќе биде понудена на аукција во Велика Британија кон крајот на ноември и се очекува да достигне цена до 50.000 фунти (околу 60.000 евра).

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума

Единствениот познат примерок од полисата за осигурување на трупот на бродот, која датира од нејзиниот пробен период, ќе биде понудена на аукција од „Хенри Алдриџ и син“ во Девизес, Вилтшир, на 21 ноември, објави денес Би-Би-Си.

Полисата, издадена од „Атлантик Мјучуал Иншуренс“, еден од главните осигурители на „Титаник“, обезбедувала покритие за челичниот труп на бродот во вредност од 100.000 долари.

Документот бил потпишан на 27 март 1912 година, само 19 дена пред бродот да потоне на своето прво патување кон Њујорк.

Потонувањето на „Титаник“ одзело 1.500 животи.

Полисата била исплатена во рок од 30 дена од потонувањето на бродот.

Се проценува дека документот би можел да достигне цена помеѓу 30.000 и 50.000 фунти на аукција.

Полисата, која денес би вредела околу 3,5 милиони долари, обезбедуваше осигурување во период од една година, почнувајќи од 30 март 1912 година.

„Атлантик Мјучуал Иншуренс“, која ја издаде полисата, исто така одигра значајна улога во решавањето на побарувањата што произлегоа од загубите што произлегоа од терористичките напади во Њујорк на 11 септември, потсети Би-Би-Си.

На компанијата на крајот ѝ беа одземени лиценците за осигурување и влезе во ликвидација во 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер