Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
ЕвропаПовеќе од 200 украински затвореници се вратија домаВо најновата размена на затвореници од руско заробеништво, се вратија 205 украински војници, потврди денес претседателот Володимир Зеленски.Ова е првата фаза од поширока размена договорена врз принципот „1000 за 1000“. Речиси сите ослободени војници поминале четири години во заробеништво, односно поголемиот дел од времетраењето на руската инвазија, пишува The Kiev Independent. Според Зеленски, возраста на ослободените украински војници се движи од 21 до 62 години. Меѓу нив има војници и офицери од копнените сили, морнарицата, воздушните сили за напад и Државната гранична служба, како и бранители на познатата челичарница Азовстаљ во Мариупол. Ukraine brought home 205 prisoners in the first stage of a 1000-for-1000 exchange. Most were Mariupol defenders captured in 2022, including Azov fighters from Azovstal. pic.twitter.com/9iFsxz6iy6 — WarTranslated (@wartranslated) May 15, 2026 „Продолжуваме да се бориме за сите што се уште се во заробеништво“, рече Зеленски во објава на Телеграм. Руското Министерство за одбрана го потврди враќањето на 205 свои војници. Тие изјавија дека тие моментално се во Белорусија, каде што ќе им биде пружена психолошка и медицинска помош. Размените на воени заробеници, заедно со речиси месечните репатријации, остануваат еден од ретките функционални канали за комуникација меѓу Киев и Москва од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Оваа размена доаѓа во време кога мировните преговори иницирани од САД стагнираат, а американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека губи интерес за Украина.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГерманија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во ЛајпцигЕксплозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаМицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од КиткаВо повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter