Инцидентите според грчките медиуми биле предизвикани од радикални десничари, а полиција употребила солзавец и шок бомби за растера групата од маскирани лица кои фрлале со Молотови коктели.
Протестите се одвиваа во близина на меѓународниот саем, каде премиерот Ципрас упати пораки дека преку договорот од Преспа, Солун ќе стане центар на Балканот
„Прототип на грчката позиција за пристап на соработка и комуникација со сите соседи е договорот од преспа, договор кој ги отвора Грците кон светот, а на Солун му дава можност одново да стане престолнина на Балканот“ – изјави Алексис Ципрас, премиерот на Грција.
Во меѓувреме грчките медиуми продолжуваат да објавуваат белешки од Викиликс поврзани со преговорите за името.
Последната е извештај од 2008 година, во кој поранешниот американски амбасадор на земјава Филип Рикер, наведува дека првиот претседател на Македонија Киро Глигоров е за компромис по прашањето за името.
Како црвена линија за Глигоров, во извештајот е стои дека била јазикот и идентитетот да се нарекуваат “македонски”.
Минатата недела Викиликс објави и документи од тогашната амбасадорка во земјава Џилијан Миловановиќ, во кои стои дека името Република Северна Македонија било на маса и во 2008 година.