СветПовеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бураПовеќе од 2.000 летови се откажани или одложени денеска во североисточниот регион и регионот на Големите езера во САД, откако зимска бура од мраз и снег ја погоди областа за време на фрекфентниот период помеѓу Божиќ и Нова Година, објави „CBS News“.До вчераутро, во Њујорк паднаа нешто помалку од три инчи снег - околу половина од тоа што го предвидоа некои прогнозери. Од петокот досега во САД се откажани најмалку 2.700 летови, а илјадници други се одложени, според веб-страницата за следење на летови FlightAware. Меѓународните аеродроми Њуарк Либерти, Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија уште во петокот на социјалните медиуми објавија за опасност од појава на снег, предупредувајќи дека времето може да предизвика нарушувања на распоредот на летовите. Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба за повеќе од половина од државата пред бурата и во телефонско интервју за Си-Би-Ес Њуз Њујорк изјави дека луѓето во регионот треба да ги одложат своите планови за патување. Националната метеоролошка служба предупреди на опасни услови за патување од Големите езера низ северниот Средноатлантски регион и јужна Нова Англија, со можност за прекини во снабдувањето со електрична енергија. Повеќе од 13 милиони луѓе се опфатени со предупредувањето, додека 7,7 милиони други очекуваат можна бура. Најстроги предупредувања се на сила за делови од централна Пенсилванија, државата Њујорк и подалеку на север.Тагови: снежна бура Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter