Повеќе од 160 настани на 7. „Топол културен бран“

Македонските граѓани и гости од регионот ќе можат да проследат повеќе од 160 настани во рамки на седмото издание на манифестацијата „Топол културен бран“. Програмата ќе се реализира во два циклуси, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.

- „Топлиот културен бран“ несомнено ја постигна својата цел, дисперзирање на културните содржини. Создаде еден силен културен импулс кој ги допре и областите на неформалната едукација и презентација на културните вредности кои ги поседуваме како држава, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Изрази надеж дека настаните ќе го збогатат културното живеење во сите општини во Македонија.

Годинава „Топол културен бран“ ќе има во општините Вевчани, Валандово, Велес, Градско, Кавадарци, Ресен, Маврово-Ростуше, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Кривогаштани, Могила, Неготино, Кочани, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Македонска Каменица, Кратово, Делчево, Охрид, Берово, Кичево и Богданци.

Во рамки на „Топлиот културен бран“, посетителите ќе уживаат во концертите на „Монистра“, „Љубојна“, „Чалгија саунд систем“, во концертите на џез и сериозна музика со гости од целиот регион, настапи на сите театри од Република Македонија, стенд-ап изведби на актерите Сашко Коцев, Весна Петрушевска, Маријан Ѓоргиевски, ревија на македонски филмови...

Манифестацијата „Топол културен бран“ првпат е воведена во 2008 година. Досега граѓаните имаа можност да присусуствуваат на повеќе од 600 културни настани.

Министерката за култура истакна дека континуирано поддржуваат огромен број традиционални манифестации, над 150 фестивали кои имаат и меѓународен предзнак. Од оваа година Министерството за култура е поддржувач и на новиот театарски фестивал во организација на МНТ, меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола месечина“ и театaрскиот фестивал кој ќе се реализира на повеќе отворени сцени во општина Чаир.

Градоначалниците на Берово, Ресен, Крушево, Велес и Дојран се согласија дека сите културни настани ќе придонесат за збогатување на туристичката понуда во општините.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер