Повеќе од 100 повредени во судири меѓу Палестинците и полицијата во Ерусалим

Повеќе од 100 лица синоќа се повредени во Ерусалим во судири меѓу израелските полициски сили и палестинските демонстранти, соопштија утрово медицински и полициски извори.

Палестинскиот Црвен крст пријави најмалку 105 повредени, од кои околу 20 се пренесени во болница, додека полицијата соопшти дека во своите редови има 20 ранети и оти при судирите биле приведени 44 лица.

Израелската полиција синоќа се судри со Палестинците пред Стариот град Ерусалим, каде подигнаа барикади за да спречат стотици еврејски екстремисти да влезат во областа.

Судирите избувнаа кога стотици припадници на израелските безбедносни сили беа мобилизирани за да го запрат маршот на крајнодесничарското еврејско движење Лахава.

Младите Палестинци организираа контра-демонстрации за да се спротивстават на маршот, а инцидентите избувнаа на влезот во Стариот град, во источниот дел на Ерусалим, палестински сектор окупиран и припоен кон Израел, каде полицијата забрани пристап до областите што обично масовно се посетени за време на Рамазан.

Израелската полиција синоќа соопшти дека ги одобрува демонстрациите во име на слободата на изразување, но оти ќе дејствува против каква било форма на насилство и додаде дека сака да се избегнат конфликти.

Тензиите се посилни од вообичаено во градот каде има свети места за Евреите, христијани и муслимани и каде долго време беше жариштето на израелско-палестинското насилство.

Полицијата се судира со Палестинците секоја вечер од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан минатата недела, кога властите поставија барикади на Портата Дамаск, традиционално место за собирање на отворено.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер