Повеќе од 100 повредени во синоќашните земјотреси во Албанија - Канал 5

Повеќе од 100 повредени во синоќашните земјотреси во Албанија

Најмалку 105 лица се повредени во силниот земјотрес кој синоќа ја погоди Албанија, покажуваат прелиминарните податоци изнесени во вонредната седница на албанската влада, одржана на полноќ.

Повеќе од 100 повредени во синоќашните земјотреси во Албанија

Во земјотресот се оштетени поверќе од 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини, пренесе агенцијата АТА.

На владината вонредна седница било одлучено полицијата да биде во висок степен на приправност за да ја контролира состојбата по земјотресот кој предизвика паника меѓу населението.Потресот најмногу е почувствуван во Тирана и Драч.

Албанија синоќа беше погодена од два земјотреса со јачина од 5,6 степени и 5,3 степени според Рихтер.

Епицантарот на земјотресот бил во Јадранското море да длабочина од 10 километри.

Сите повредени лица во земјотресите се згрижени во болниците во Драч и Тирана.

Инаку во текот на ноќта во реното на Јадранското море се забележани повеќе од 60 мали потреси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите

21-годишна Македонка приведена во Германија, а во земјава осудена во отсуство на пет години затвор за сообраќајка со смртни последици во Македонија, нема да биде испорачана назад во земјава за отслужување на затворската казна. 

Берлин одби екстрадиција на Македонка: Женските затвори во Македонија не ги исполнуваат стандардите

Германските власти процениле дека во македонските женски затвори нема хумани услови за издржување на казната. 21-годишната Викторија Зерзева набргу по сообраќајката била лоцирана во Германија, а тамошните власти ја привеле во имиграционен притвор, по што македонското министерство за правда побарало нејзина екстрадиција. Сепак, германските власти, сега го одбија барањето.

-Надлежниот виш покраински суд ја прогласи екстрадицијата за недозволена од причини поврзани со внатрешното право. Судот смета дека не се обезбедени услови за сместување во притвор во Казнено-поправната установа Скопје, како и, во случај на подоцнежна правосилна осудителна пресуда, во Казнено-поправната установа Идризово, кои би ги исполнувале барањата на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи од 5 ноември 1950 година,- Министерство за правда.

Станува збор за сообраќајна несреќа од 5 ноември 2024 година, во близина на општина Росоман, кога Зерзева при судир во друг автомобил го усмртила 40-годишниот Марјан Петровски од Белес. Во Германија, Вишите регионални за секој поединечен случај одлучуваат дали екстрадицијата е правно дозволена.

Доколку постојат конкретни индиции дека лицето кое се наоѓа во притвор е изложено на ризик од нехумани или понижувачки услови во земјата во која треба да биде пренесено, екстрадицијата се одбива. Ова важи сè додека државата што ја бара екстрадицијата не даде обврзувачки гаранции дека лицето ќе биде сместено во услови што се во согласност со стандардите за човекови права. Во однос на нехуманите услови во македонските затвори со неповолен извештај пред два дена излезе и народниот правобранител.

Во него се констатира дека затворите се пренатрупани, а во најголемиот затвор во земјава еден доктор се грижи за речиси 700 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски .

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе ја прифатиме секоја поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Дијалог со Бугарија има, закажана нова средба со министерката за надворешни Чамова нема- шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски уверува дека за евроинтеграциите на земјава има активен дипломатски ангажман во кој нема отстапки од македонските позиции. Без да навлегува во детали за бегството на Ива Михајлова која во изминатиот период предизвика заострување на реториката меѓу двете земји, Муцунски ја оцени како непристојна нејзината заштита во Бугарија. Најави дека во декември ќе има неколку министерски самити кадешто ќе има можност отворено за сите прашања да разговара со Чамова.

-Навистина е непристојно една земја членка на ЕУ да станува прибежиште за тие што или се осудени за кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамки на судовите во државата. ќе бидам внимателен во јавните изјави, како што неодамна кажа и претседателот на Владата Мицкоски, Македонија нема интерес да стане дел од „естрадата“ поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори што се во тек во таа држава. Дијалог има и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската Унија и со земјите членки на ЕУ,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски беше домаќин на неговиот колега од Словачката Република Јурај Бланар со кој зборувале и на оваа тема и за блокадата на Македонија во ЕУ. Бланар рече дека Братислава е голем поддржувач на македонските евроинтеграции и треба да направи исчекор со оглед на спроведените реформи, во спротивно вели фрустрациите ќе се зголемат. Потенцираше дека во проширувањето на унијата нема еднаков третман за сите земји кандидатки.

-Словачка Република е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија помеѓу државите како Украина, Молдавија или Грузија. Не можеме да прифатиме европска интеграција заснована на европски стандарди да има различни критериуми за различни држави,- Јурај Бланар – министер за надворешни работи на Словачка.

Муцунски и Бланар кажаа дека Македонија и Словачка имаат одлични билатерални односи и економска соработка која најавија дека ќе се продлабочува. Покрај тет-а-тет и билатерлната средба на делегациите, шефот на словачката дипломатија оствари средби и со претседателката Сиљановска Давкова и со собранискиот спикер Гаши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев

Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра.

Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер