Поведена иницијатива за промени во ПФМ - Канал 5

Поведена иницијатива за промени во ПФМ

Во насока на создавање услови за нормално функционирање на ПФМ, Иницијативниот одбор за промена на состојбата и структурите во Пливачката федерација на Македонија денеска одржа прес-конференција на која ги изнесе своите сознанија за овој спорт во државата.

Поведена иницијатива за промени во ПФМ

- Како заслужен спортист пред 13 дена испратив барање за прием до Агенцијата за млади и спорт како надлежна институција која се грижи за сите спортисти во државата. Заедно со неколку тренери, пливачи, спортски работници денес бевме примени од директорот на АМС Дарко Каевски, соопшти Александар Маленко кој е еден од иницијаторите за промени во ПМФ.

Оваа иницијатива е најдобронамерна и со искрени заложби да се среди пливачкиот спорт во РМ, дополни Маленко.
Од директорот на АМС добивме ветување дека во рамките на неговите законски надлежности ќе поведе иницијатива за средување на проблемите во пливачкиот спорт.

Иницијативниот одбор очекува во најкус можен рок, АМС формално -правно да го реши овој проблем во интерес на пливачкиот спорт, пливачите и тренерите.

- Не може повеќе да се функционира на овој начин од одредени лица во име на ПФМ. Единствена институција која има право согласно неправилно работење да води мониторинг и надзор на работењето на сите спортски федерации е АМС, изјави Маленко.

Посочи дека зад иницијативата стојат голем број тренери, пливачи, спортски работници и 15-ина родители на врвните пливачи во Македонија.
- Не е важно дали ние сме поголем или помал број. Во секој случај правдата и вистината е на наша страна. А ние сме на старана на пливањето, на законот кој што треба да се имплементира во целост. Во случајот ПМФ нема своја адреса, нема тела, девет години нема завршна сметка, календарска година. Не се води сметка за настапите на нашите пливачи на меѓународните натпревари, потенцира Маленко.

Маријан Соколовски говореше за работата на ПМФ во изминативе години.

- ПФМ во последните 7-8 години нема одржано извештајно-финансиско изборно собрание, а сметката и е блокирана од поодамна. Како резултат на таквото работење уназаден е пливачкиот спорт, девалвирана е работата на тренерите и угледот на ПМФ во меѓународниот институции е доведен на многу ниско ниво. Заради ова, Иницијативниот одбор во консултации со АМС како надлежна за спортот и спортските федерации во РМ се консултиравме и побаравме помош да се средат работите, рече Соколовски.

Иницијативен одбор очекува во најскоро време Агенцијата за млади и спорт да излезе со став за решавање на ова прашање и потоа ќе ги соопшти своите следни чекори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“

Европската фудбалска асоцијација УЕФА официјално објави дека куќата на светскиот фудбал, ФИФА официјално одлучила да се откаже од планот за продажба на дел од сопственоста на Светското првенство на странски инвеститори. 

Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“

Европската фудбалска организација сега издаде соопштение во кое ја поздравува таквата одлука. УЕФА беше таа што го покрена отпорот против овие планови на Џани Инфантино.

Сите 55 членки на УЕФА изјавија дека нема да учествуваат во тој проект и дека воопшто не размислуваат за настап на Светското првенство.

Ова ја поттикна КОНКАКАФ да го стори истото, па така проектот за продажба на Светското првенство сега е стопиран.

Во соопштението, кое го пренесуваме во целост, УЕФА упати остри критики кон ФИФА и, пред сè, кон Џани Инфантино, кој е директно спомнат, критикуван и повикан на одговорност.

Соопштението на УЕФА:

„УЕФА ја поздравува одлуката на ФИФА да се повлече од планот за продажба на удел во своите натпреварувања, вклучително и Светското првенство, на приватни субјекти. Предлогот беше едногласно отфрлен од фудбалските асоцијации членки на УЕФА, како и од многу други асоцијации и федерации ширум светот чија задача е да го штитат фудбалот.

УЕФА им се заблагодарува на навивачите, лигите, клубовите, играчите, истакнатите личности, асоцијациите и федерациите кои се спротивставија на ова, како и на премиерите и шефовите на држави кои му покажаа на претседателот на ФИФА дека фудбалот не е на продажба. Не можеме да продолжиме со вакви тајни договори, подготвувани од анонимни поединци и туркани насила, кои не носат никаква непосредна корист. Треба да ги идентификуваме одговорните и да ги повикаме на одговорност.

Правилно е УЕФА во наредните денови и недели тесно да соработува со своите асоцијации и со другите федерации за да разбере како дошло до ова и да изготви план за да се спречи тоа да се повтори. Анализата на ситуацијата мора да биде сеопфатна и не смее да се отфрли ниту едно можно решение. Актуелното раководство на ФИФА не само што ја изгуби довербата на УЕФА и на многу други...

Кога Џани Инфантино побара доверба за да биде избран за претседател во 2016 година, тој рече: „Се разбира дека ќе бидеме транспарентни. Поминав 15 години во УЕФА и човек мора секојдневно да биде дел од животот на ФИФА. Парите на ФИФА се ваши пари, а не пари на претседателот на ФИФА. Националните сојузи и вие мора да ги користите парите на ФИФА за развој на фудбалот, и за ништо друго“. Тој не исполни ниту едно од тие ветувања. Нетранспарентните договори зад затворени врати, како и чудните зделки што ги склучуваше и се обидуваше да ги наметне, беа сè друго освен транспарентни. И покрај резервите од 5 милијарди долари, тој не ги искористи средствата за да придонесе кон развојот на фудбалот. УЕФА веднаш ќе започне соработка со партнери ширум светот за да предложи нов начин на трошење на ресурсите. Мораме да почнеме да ги користиме парите од сметката на ФИФА за соодветни инвестиции во 211-те земји-членки на ФИФА. Не мораме да го распродаваме семејното сребро за да го платиме тоа. Ова е победа за целиот спорт. Но, приказната не смее да запре тука. Предлогот беше отфрлен, но трансформацијата на ФИФА штотуку започна“, се наведува во опширното соопштение на УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фан Шоп на ФК „Пелистер“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го посети новоотворениот Фан Шоп на ФК „Пелистер“.

Фан Шоп на ФК „Пелистер“

„Вчера со голема љубопитност и задоволство го посетив официјалниот Фан Шоп на ФК „Пелистер“ сместен во стадионот „Петар Милошевски“.

Бев речиси меѓу првите кој си купи дрес и заедно со останатите фанови кои го посетија испишавме историја.

За првпат во 81 година постоење, ФК „Пелистер“ го отвори својот официјален Фан Шоп.

Од управата на клубот рекоа дека ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно“, вели градоначалникот на Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. 

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија

Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина.

Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом

Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер