Поведена е постапка против Мурињо за напад на судијата Тејлор (ВИДЕО) - Канал 5

Поведена е постапка против Мурињо за напад на судијата Тејлор (ВИДЕО)

Дисциплинското тело на УЕФА отвори постапка против тренерот на Рома, Жозе Мурињо поради критиките на англискиот судија Ентони Тејлор по поразот на неговата екипа од Севиља во финалето на Лига Европа во Будимпешта во средата на пенали.

Поведена е постапка против Мурињо за напад на судијата Тејлор (ВИДЕО)

Мурињо беше обвинет за навреда и вербален напад на судијата, само едно од низата обвиненија со кои се соочуваат двата клуба по тензичното финале во кое Тејлор подели 13 жолти картони. Португалскиот стручњак исто така го критикуваше судијата за време на пост-финалната прес-конференција, а видеото кое се појави на социјалните мрежи го покажува Мурињо како гестикулира кон Тејлор и неговите помошници на паркингот на стадионот со извици „срамно“.

Англискиот судија не само што беше нападнат од тренерот на поразената екипа, тој беше нападнат и од навивачи на Рома на аеродромот. На снимката објавена на Твитер се гледа како група навивачи на Рома фрлаат столчиња и чаши кон Тејлор и луѓето со кои бил.

„Шокирани сме и згрозени од неприфатливото злоставување упатено кон Ентони Тејлор и неговото семејство додека се враќаше од финалето на Лига Европа. Никој не треба да трпи неоправдано однесување со кое се соочи. Ентони е еден од нашите најискусни и најквалитетни судии и ние целосно го поддржуваме него и неговото семејство“, соопштија од раководството на Премиер лигата.

Покрај Мурињо, кој заработи жолт картон за време на натпреварот, УЕФА покрена постапка и против двата клуба поради фрлање предмети од навивачите и употреба на пиротехнички средства и недолично однесување на членовите на тимот. Рома ќе одговара и за немири на навивачите и уништување на опремата на стадионот.

Финалниот меч го одбележаа бројни прекини, па во 120-те минути игра имаше 25 минути дополнителнување. Откако во првите 90 минути резултатот беше 1:1, а во судиското продолжение немаше голови, фудбалерите на Севиља беа попрецизни од Рома во пенали и ја совладаа со 4:1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок.

„Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија.

По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката.

Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз.

Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз.

Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво.

Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе.

Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер