Повардарска епархија се подготвува за празникот Богојавение-Водици

Повардарската епархија на МПЦ-ОА се подготвува за недела 19 јануари кога на големиот празник Богојавление-Водици ќе се осветат водите на реката Вардар по што од Мало Мовче владиката Повардарски Агатангел ќе го положи светиот крст во Вардар.

За овој свет чин, до денеска се пријавиле педесетина православни граѓани. Пријавувањето се уште трае, секој ден од 8 до 16 часот или на фејсбук страницата на Епархијата. Кандидатите можат да дојдат и во недела во 9 часот во Повардарска епархија кога медицинска екипа од ЈЗУ Здравствен дом на сите ќе им изврши здравствени прегледи.

Како што информира за МИА, Никола Цилаков од Повардарската епархија, услов на полнолетните кандидати е да се здрави и способни да влезат во ладните води на реката Вардар, за што треба да потврди и даде одобрение лекарската екипа.

Инаку светиот чин е закажан во 11:30 од Мало Мовче откако претходно ќе се изврши традиционалното осветувањето на водите на реката Вардар од страна на митрополитот Агатангел.

Инаку чествувањето на празникот ќе започне недела во 8:15 часот во црквата „Св Спас“ кога владиката Агатангел ќе отслужи Света Божествена литургија. Потоа литија составена од свештени лица и граѓани предводени од владиката Агатангел ќе мине на потегот од црквата „Св. Спас“ до Мало Мовче, каде треба да пристигне околу 10,30 часот.

Како што информираа од Повардарската епархија, годинашен кум на празникот Богојавление–Водици во Велес е градоначалникот Марко Колев со семејството.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер