СветПоулсен: Данска нема сознанија дека болнички брод е на пат кон Гренланд, неговите жители ја добиваат целата потребна здравствена заштитаДанскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска немала сознанија дека болнички брод е на пат кон Гренланд.Во исто време, тој нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена заштита. „Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд денес веќе се грижи за тоа, а Данска би интервенирала доколку има потреба од тоа“, порача министерот. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил да се испрати болнички брод во Гренланд, данска територија за која постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД. Најавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран член на екипажот на американска подморница, кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Нук. Не е сосема јасно каква врска има гувернерот Ландри со случајот. Американската морнарица има два болнички брода, „Мерси“ и „Комфорт“, но ниту еден не е стациониран во Луизијана. Тагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе зголемува цената на дизелот на 6 денари, бензините поскапуваат за 3 денари по литарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89% во однос на одлуката од 31.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,829%, кај дизелот за 8,922%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 11,644% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,163%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5449%. Во оваа Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 8.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 97,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 99,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,001 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,591 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: 82 години слободно Кавадарци!Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.„Со почит и гордост одбележуваме 82 години од ослободувањето на нашиот град. Денес се сеќаваме на хероите кои го дадоа својот живот за слободата и иднината на генерациите што доаѓаат. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци им оддаваме почит на нивната храброст и жртва. Слободата е наша чест, но и наша обврска – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации. Нека ни е честит 7 Септември! Да живее Кавадарци! Да живее слободата!“- објави Јанчев на фејсбук. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапаАмериканскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа идејата за промена на името на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.„Многу луѓе предложија промена на името на Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“. Trump posts video of renaming NEW MEXICO state to NEW AMERICA pic.twitter.com/8mAeLJS8Ch — Karthik Reddy (@bykarthikreddy) September 7, 2026 Само пред десет дена, на крајот на август, американскиот претседател објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка. Во тоа време, тој потпиша извршна наредба во Овалната соба со која ѝ наложи на американската канцеларија за имиња на „National Geographic“ да го промени името на ова езеро. Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter