Потврдувањето на големата четворка фаворити за клучните места во ЕУ се уште без консензус - Канал 5

Потврдувањето на големата четворка фаворити за клучните места во ЕУ се уште без консензус

Потврдувањето на големата четворка фаворити за клучните места во Европската Унија ќе причека уште барем една недела.

Потврдувањето на големата четворка фаворити за клучните места во ЕУ  се уште без консензус

Меѓу европските лидери продолжува играта на тронови, иако безмалку сите ја видоа Урсула фон Дер Лајен од Европската Народна партија со нов мандат на чело на Европската Комисија, а Роберта Мецола како старо – нова шефица на Европскиот Парламент. Првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел, накусо потврди дека нема консензус по првиот лидерски состанок по европските избори нема договор.

-Имавме добри разговори во добра насока, но немаме договор вечерва во оваа фаза. Лидерите дадоа предлози, а во наредните денови ќе работиме дополнително и ќе ги подготвиме одлуките што треба да ги донесеме. , изјави шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет

-Мислам дека таа (Лајен) e извонреден кандидат за следниот мандат како претседателка на Комисијата. Очигледно се работи за прашање околу целиот пакет. , изјави Марк Руте, премиер на Холандија.

Нов обид лидерите ќе имаат за една недела, кога треба да се искристализира начелниот договор според кој, португалецот Антонио Кошта од редовите на социјалдемократите ќе треба да го наследи Мишел во Европскиот Совет, а естонката Каја Калас од групата либерали на местото на Борел како шефица за надворешна политика. Проблемот за потврда на четворката настанал откако победникот на европските избори, Европската народна партија освен за позицијата на Лајен, инсистирала да добие и половина од 5-годишниот мандатот на првиот човек на Европскиот Совет, односно првиот дел да го одработи социјалдемократот Кошта, а вториот нивни кандидат.

-Не знам кој ја пуштил таа информација, но јас стојам зад се што сум рекол и мислам дека тоа е добро за нашето политичко семејство. Кога веќе остваривме вака убедлив резултат кога имаме 190-191 пратеник, таа реалност треба некако да ја рефлектираме во европските институции. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска

Доколку се исполнат барањата на Народната партија за преполовување на мандатот во Европскиот совет, социјалдемократите, втората по големина партија во ЕУ, би останала без ниту една клучна функција во институциите по две и пол години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Двајца дански државјани се осомничени дека планирале убиство на украински рапер, по налог на руската разузнавачка служба, пред неговиот настап во Данска. 

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Оваа информација ја објави данската телевизија ДР, повикувајќи се на податоци од судското рочиште, пренесува Ројтерс.

Полицијата спречила обид за атентат и уапсила двајца мажи непосредно пред концертот на раперот познат како „Киевстонер“. Настапот бил закажан за 25 септември, но бил откажан по апсењата. Данската телевизија известува дека двајцата мажи пред судот изјавиле оти не се чувствуваат виновни.

Поради сомневањата за планиран атентат, најавени се прес-конференции на Данската безбедносна и разузнавачка служба (PET), министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерот за правда Николај Вамен.

Нејасни детали од истрагата

Данската безбедносна служба „PET“ уште во септември предупреди дека Русија се обидува да регрутира дански државјани за планирање саботажи против одбранбени компании кои соработуваат со Украина. Сè уште не е познато како полицијата ги идентификувала двајцата осомничени, кои биле запрени во возило во кое имало повеќе парчиња оружје.

Не е разјаснето на кој начин руските разузнавачки служби наводно ги регрутирале двајцата дански осомничени.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенк

Во неколку италијански градови избија инциденти за време на генералниот штрајк.

Голем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенк

Во Милано беше запален тенк од картон, во Џенова беа фрлани димни бомби и јајца, а во Рим беа прекриени таблите со цените на горивата.

Генералниот штрајк, на кој денеска повика синдикатот „CGIL“, се одвива низ цела Италија, а во него учествуваат работници од јавниот и приватниот сектор, пренесува „Adnkronos“. Во акцијата се вклучија и синдикатите „COBAS“ и „USB“, како и други работнички организации, при што се организирани протести на околу 100 јавни плоштади низ целата земја.

Штрајкот опфаќа различни сектори, од транспорт и образование до јавни услуги. Во Милано, за време на студентски марш, демонстрантите запалија картонска реплика на американски тенк во близина на Конзулатот на САД.

На чело на поворката беа носени фигури на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прикажани како држат пушки. Демонстрантите го изразија своето противење кон милитаризацијата и војната, извикувајќи: „Влада што поттикнува војни – не ги сакаме вашите војни“.

Во Џенова, студенти кои учествуваа во марш против милитаризацијата фрлаа јајца кон седиштето на „Конфиндустрија“ (Генерална конфедерација на италијанската индустрија) на улицата „Виа Фјуме“. Пред влезот беше поставен картонски ковчег со натпис „тројца работници дневно“, а беа фрлени и димни бомби. Во Рим, двајца млади мажи со качулки се приближија до бензинска пумпа за време на студентскиот марш и ги прекрија таблите со цените на горивата со налепници на кои беше испишана бројката нула. Маршот започна на плоштадот „Пјацале Остиенсе“, при што учесниците протестираа против државниот буџет, војните, повторното вооружување и високите трошоци за живот. Протестот продолжи со пароли како: „Ние нема да ја плаќаме војната“.

За време на маршот, пред Колосеумот, студентите им оддадоа почит на работниците кои загинале на своите работни места, оставајќи жолт заштитен шлем испрскан со црвена боја – што ја симболизира крвта на жртвите. Во Рим се појавија и графити насочени против премиерката Џорџа Мелони и настанот „Атреју“, организиран од политичките сили од десниот центар.

Главниот протестен марш, организиран од синдикатот „CGIL“ во Рим, започна во 9:30 часот на плоштадот „Виторио Емануеле II“. По завршувањето на собирот на улицата „Деи Фори Империјали“, синдикатот соопшти дека на маршот учествувале 50.000 луѓе.

На протестот учествуваа генералниот секретар на „CGIL“, Маурицио Ландини, заедно со лидерката на Демократската партија, Ели Шлајн, и лидерот на Движењето „Пет ѕвезди“, Џузепе Конте.

Во Торино беа организирани два одделни протестни марша. Едниот, организиран од „CGIL“, собра илјадници работници и пензионери кои пристигнаа од различни делови на покраината. Вториот марш обедини стотици студенти од колективите „Оса“ и „Камбиаре Рота“, како и членови на синдикатот „USB“. Учесниците протестираа против повторното вооружување, високите трошоци за живот, кратењето на средствата за јавниот сектор и несигурните форми на вработување.

Според медиумските извештаи, штрајкот може да предизвика нарушувања во јавниот превоз – вклучувајќи ги автобуските, трамвајските и метро линиите – при што конкретните услови и времетраењето на прекинот на работа се разликуваат од град до град. Штрајкот влијаеше и врз училиштата, каде што синдикатите, исто така, организираа протестни активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и врнежливо време за викендов со температура до 22 степена, од понеделник снег

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Променливо облачно и врнежливо време за викендов со температура до 22 степена, од понеделник снег

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

9 Попова Шапка, 11 Крушево, Лазарополе, 12 Маврови Анови, 15 Претор, 16 Охрид, 18 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 20 Тетово, Битола, Виница, 22 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 23 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 24 Скопје-Петровец, Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Во утринските часови времето беше променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста се намали и преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен до силен ветер од западен правец, кој на повисоките места надминуваше брзина од 60 km/h.

Попладнево облачноста повторно ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер