Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
БалканПотврдени случаи на африканска свинска чума во АлбанијаАлбанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа.- Управната единица Шенѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината е дезинфицирана, сњ наведува во соопштението. Се додава дека според утврдениот протокол земени се мостри, чија анализа потврдила дека станува збор за африканска свинска чума. Министерството презело мерки за спречување на ширењето на болеста. Една од нив е забрана за продажба и промет на живи свињи на отворени површини и пазари на територијата на општина Лежа и надзор на другите фарми во ова подрачје на северозападна Албанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРоберт Де Ниро со најгрди зборови против Доналд Трамп (ВИДЕО)Роберт Де Ниро повторно жестоко го нападна Доналд Трамп, а во својот говор употреби низа пцости. Американскиот актер ги повика гласачите да ја искористат можноста да гласаат рано и да учествуваат во кампањата „Без кралеви: Гласајте рано“, најавена за 17 октомври. Де Ниро го нарече Трамп „проклето гом*о“ и го обвини дека се обидува да им го одземе правото на глас на Американците. „И што ќе му кажеме на тој кукавица, на тоа проклето гом*о, кога Доналд Трамп се обидува да ни го одземе гласот и нашата моќ?“, праша Де Ниро. „Тргнете ги рацете од нашите гласови“. Остро кон Трамп и републиканците Во својот говор, актерот ги нападна и републиканците во Конгресот, Врховниот суд и одредени федерални институции. Тој тврди дека тие не ги штитат правата на глас на Американците и дека нивните постапки го загрозуваат изборниот процес. Де Ниро претходно го обвини Трамп дека „се збогатува со пријатели од кругот на Епштајн“, а слични критики упати и кон претседателот и неговите соработници во претходните настапи. „Не можат да ја добијат поддршката од гласачите, па што прават? Се обидуваат да ни ги одземат гласовите. Се шегувате? Тргнете ги рацете од нашите гласови“, рече тој, пред да ја изостри својата порака: „Ќе го кажам вака: Тргни ги рацете од нашите гласови.“ Тој конкретно ги нападна републиканците, за кои рече дека не се подготвени да се залагаат за правото на глас. „Што ќе им кажеме на тие слаби и безрбетни републиканци во Претставничкиот дом и Сенатот кои нема да ги заштитат нашите права?“, праша тој. De Niro: When that coward, that fucking piece of shit, Donald Trump, tries to take our voice and power away, what do we tell him? Keep your fucking hands off our vote. https://t.co/NIxrORfAMT — Acyn (@Acyn) October 5, 2026 Тој, исто така, го повика Врховниот суд: „Што ќе му кажеме на Врховниот суд кога тој само потврдува потиснување на правото на глас?“ Де Ниро изнесе обвинувања за притисокот на Министерството за правда врз изборните службеници, барањата за избирачки списоци и ракувањето со гласачките ливчиња. Тој, исто така, ги спомена агентите на ICE, кои ги обвини за заплашување на гласачите. „Што ќе им кажеме на тие маскирани и вооружени бандити на ICE кои се кријат околу гласачките места?“, праша тој и повтори: „Тргајте ги рацете од нашите гласови.“ Достапните снимки од говорот не даваат конкретни докази за да ги поткрепат овие тврдења. „Тие се толку глупави“ Де Ниро, исто така, ги критикуваше пошироките политики на администрацијата на Трамп. Тој верува дека нејзините потези одвраќаат сè поголем број гласачи. „Администрацијата на Трамп знае дека нивните политики не се само луди и сурови, туку и сè помалку популарни“, рече тој. „Тие го гледаат тоа, не се глупави. Па, всушност се, тие се навистина глупави“. „Мислам, тие се навистина глупави. Тие се поглупави отколку што некогаш мислев. Но, тие сфаќаат дека она што го прават е да ги одвратат луѓето“, рече тој. Ги повика Американците да гласаат порано Заедно со критиките кон Трамп, главната порака од говорот на Де Ниро беше насочена кон излегување. Тој ги повика луѓето да гласаат пред официјалниот ден на изборите и да ги охрабрат членовите на семејствата, пријателите, соседите и другите луѓе од нивната околина да гласаат. „Ние ќе гласаме први, и ќе гласаме порано“, рече тој. Тој, исто така, повика на учество на националниот ден на акција на 17 октомври. Движењето „Без кралеви: Гласајте рано“ го објави датумот како ден посветен на охрабрување на гласачите да направат план за рано гласање каде што е достапно. „И ве молам, сите мора да учествувате на националниот ден на акција на 17 октомври“, додаде тој, упатувајќи ги слушателите кон веб-страницата „Без кралеви“. Го заврши говорот со кратка порака: „Мислам дека сфатија што сакав да кажам“.Тагови: Роберт де Ниро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваYOVA ја претстави новата невестинска колекција - The Bridal Edit на гламурозната Haute Wed Gala Македонскиот бренд за рачно изработени чанти и аксесоари YOVA ја претстави The Bridal Edit – нова колекција создадена за невестата, нејзините девојки и сите моменти што вреди да се носат со себе.Колекцијата носи нова перспектива на невестинските додатоци, спојувајќи ја препознатливата рачна изработка на YOVA со современи силуети и невестинска естетика. Веќе познатите модели на брендот се пресоздадени во чиста невестинска бела, како и во комбинации со сребрена, златна и бронзена рафија, додека дел од дизајните се надополнети со автентични охридски бисери од семејството Талеви. The Bridal Edit ги обединува моделите Силви Багет, Силви Микро, Ринг, Реса, Фиори и Бисера, заедно со новиот Бисера Чокер – рачно хеклан чокер со 14 автентични охридски бисери од семејството Талеви. Целата колекција е замислена не само за свадбениот ден, туку и за сите свечени моменти што следуваат потоа. The Bridal Edit за првпат беше претставена во живо на The Haute Wed Gala 2026 by Atelier Per Sempre, одржана на 30 септември во PARK by Ragusa, каде YOVA беше дел од гламурозната вечер посветена на невестинската мода, високата мода и современата свадбена естетика. Годинешното издание на The Haute Wed Gala ја спои модата со музика, кабаре и театарски перформанс, во амбиент инспириран од стариот Холивуд и ерата на 1920-тите. „The Bridal Edit“ е продолжение на филозофијата на YOVA – да создава рачно изработени парчиња со карактер, кои не се врзани само за една пригода. Секој модел е изработен во мали серии во Македонија, со фокус на рачната изработка, современиот дизајн и внимателно избрани италијански материјали. The Bridal Edit е достапна за нарачки на yova.maison и во УРМА во Skopje City Mall. Тагови: венчавка мода чантичка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Црна хроника20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрогаTask Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода.Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи. Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка. Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во еден од случаите полициските службеници пронашле и одзеле 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, додека во друг случај пронајден е и одземен голем патнички куфер полн со марихуана. На подрачјето на СВР Скопје, при претреси на три локации што ги користело едно лице, одземени се осум кеси со околу 800 грама марихуана, при што лицето е лишено од слобода. На подрачјето на СВР Велес, при претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра. Во рамки на активностите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, извршени се претреси на четири локации, при што две лица се лишени од слобода, а пронајдени и одземени се околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и 4,58 грама марихуана. За преземените активности ќе следуваат соодветни кривични пријави. Ова се конкретни резултати од координираната работа на полициските службеници на терен и продолжение на засиленото постапување против лицата и криминалните структури инволвирани во производство и недозволена трговија со наркотична дрога. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на лицата инволвирани во овој вид криминал, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter