ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
1ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
СветПотврден е петти смртен случај во Јапонија по употреба на суплемент за намалување на холестеролЈапонската фармацевтска компанија Кобајаши денеска соопшти дека е потврдена петтата смрт, веројатно поврзана со конзумирањето на додатокот за храна со црвен квасец што го произведува.Јапонската фармацевтска компанија Кобајаши денеска соопшти дека е потврдена петтата смрт, веројатно поврзана со конзумирањето на додатокот за храна со црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми пријавени од стотици луѓе. Според компанијата, петте лица кои загинале биле на возраст од 70 до 90 години. Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „beni-koji choleste help“. „Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака, пренесува Kyodo. Кобајаши рече дека предметната супстанца „може да потекнува од мувла, но допрва треба да се утврди каква (хемиска) структура има. Висок функционер на компанијата изјави дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман поради симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им плати отштета, како и на 114-те лица кои се хоспитализирани. Компанијата објави на 22 март дека луѓето кои земале суплементи дизајнирани да го намалат нивото на ЛДЛ холестеролот, познат како „лош“ холестерол, искусиле симптоми како што е заболување на бубрезите. Други забележителни пријавени симптоми вклучуваат оток и замор. Компанијата првично се сомневала во вмешаност на цитринин, токсичен метаболит произведен од црвениот квасец ориз, но претходно соопштија дека не бил откриен во нејзините производи. Јапонското Министерство за здравство вчера објави дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната од црвен квасец ориз од фармацевтската компанија Кобајаши. Компанијата Кобајаши минатиот петок соопшти дека примила извештаи за болести поврзани со нејзините производи и дека повлекува пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од нејзините додатоци за помош бени-коџи холест. Компанијата ги повика клиентите да престанат да користат апчиња „бени коиџи“ кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок. Таа пилула е всушност ориз ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотХакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потеклоЦИА и канцеларијата на Директорот на националното разузнавање на САД биле цел на хакерски напад во кој биле засегнати некласифицирани информации,пренесува Си Ен Ен. Нападот погодил систем што агенциите го користат за анализа на разузнавачки информации од отворени извори.Првичните индикации упатуваат дека нападот можеби потекнува од Кина, но не е утврдено дали е вмешана кинеската влада. Американските власти потврдија дека класифицираните информации и критичните системи не биле засегнати.Засега не е познато кога се случил нападот, ниту дали безбедносниот проблем е целосно решен. Инцидентот не е поврзан со неодамнешниот хакерски напад врз националната база на податоци на ФБИ. Ова се случува во период на низа сајбер-инциденти и технички прекини во американските институции.Минатата недела повеќе денови била во прекин и високо доверливата комуникациска мрежа на националната агенција за безбедност .Тагови: хакери ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот растЗа капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, со што се создава финансиска основа за реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот и работа на граѓаните.Значаен дел од планираните средства се насочени кон изградба и модернизација на патната инфраструктура. Преку Јавното претпријатие за државни патишта, се планирани дополнителни 18 милијарди денари инвестиции, од кои над 12 милијарди денари се наменети за изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола, во рамки на стратешките коридори 8 и 10д. Паралелно, ќе продолжи реализацијата и на автопатските делници Кичево – Охрид, Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце, кои се од особено значење за подобрување на регионалната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на транспортот на стоки и услуги. Дополнителен приоритет во Буџетот за 2027 година е развојот на железничката инфраструктура, за што се предвидени 6,2 милијарди денари, што е раст од скоро 54% во однос на претходната година со што ќе продолжи изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, а планирани се и активности за делницата Крива Паланка – границата со Бугарија. Покрај транспортната инфраструктура, значајни средства се насочуваат и кон подобрување на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина, при што продолжуваат активностите за реализација на пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, а планирани се и проекти во Велес, Штип и Виница. Поддршката на економскиот развој останува еден од клучните приоритети, при што за владината програма „Економски развој“ во 2027 година се предвидени 9,7 милијарди денари, што е зголемување од 30,5% во споредба со 2026 година кои ќе бидат насочени кон поттикнување на инвестициската активност, привлекување нови инвеститори и создавање подобри услови за раст и развој на домашните компании. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одговорно управување со јавните финансии, зајакнување на економската стабилност и создавање поволна клима за нови инвестиции, развој на домашното стопанство и отворање нови работни места. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter