Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
БалканПотрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080 евраСпоред Центарот за обука, информации и синдикални истражувања (ЦЕИСИ) при Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора (УССЦГ), синдикалната потрошувачка кошничка за третото тримесечје од годинава изнесува 2.080 евра.Сумата е за 3,23 отсто или 65 евра поголема во однос на претходното тримесечје. Од десетте категории опфатени во методологијата, пораст на трошоците е забележан во четири: храна (2,38%), домување и комуналии (4,08%), образование и курсеви (28,57%) и летни одмори (8%). Врз основа на цените за 132 производи во трите најголеми трговски синџири, трошоците за храна се пресметани на 645 евра, што е за 15 евра повеќе отколку во второто тримесечје. „Ова е трето по ред тримесечје со раст на цените на храната“, соопшти Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора. Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на ВинисиусПредводникот на кралевите од Мадрид, Жозе Мурињо не сакал да се појави на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Реал и Виљареал.Реал Мадрид успеа да излезе како победник во дуелот со Виљареал во шпанското првенство (1:0). Единствениот гол го постигна Јан Диоманде, но во центарот на вниманието сепак бил Винисиус, кој предизвика скандал. Контроверзниот ас на Реал доби директен црвен картон бидејќи го повлече противникот за коса. Поради што, неговиот гол за водство од 2:0 беше поништен, бидејќи спорниот момент се случи за време на самата акција што доведе до погодокот. И не само тоа, Вини вербално го нападна судијата Кордеро Дијаз, кој му покажа црвен картон откако ја прегледа снимката по сугестија од ВАР-собата. 🚨🚨| The moment Vinicius pull the Villareal player’s hair. 😳 https://t.co/OZXg8G4jVr — Kalshi FC (@KalshiFC) October 10, 2026 Тука не заврши сè, бидејќи Жозе Мурињо дополнително ја влоши ситуацијата. Португалскиот стручњак одби да се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Шпанските медиуми пренесуваат дека тој наводно изјавил оти „стравува дека ќе биде суспендиран доколку зборува“. Тоа би значело и дека би можел да го пропушти дербито против Барселона на 25 октомври. Токму тоа е натпреварот што би можел да го пропушти и Винисиус, доколку биде строго казнет за своето однесување. Ситуацијата во Реал Мадрид е, благо кажано, проблематична. Тие моментално се трети на табелата во Шпанија со 18 бода, шест помалку од Барселона, додека Атлетико Мадрид е пред нив со 19 бода. Тешкотиите продолжуваат и за Мурињо и за клубот...Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаДемократски сојуз: Честит 11 октомври – ден на востанието на македонскиот народ11 Октомври е еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол на слободата, храброста, националното достоинство и непокорот.На овој голем празник, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци кои се кренаа против фашизмот, жртвувајќи се за слободата, мирот и иднината на македонскиот народ. Востанието од 11 октомври 1941 година останува траен симбол на стремежот за слобода и право на сопствена државност. Неговото историско наследство е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. 11 Октомври е празник на сите граѓани и ден што треба да нè обединува. Тој нè потсетува дека слободата, правдата, солидарноста и љубовта кон татковината се вредности што нè поврзуваат и нè обврзуваат заеднички да ја градиме иднината. Демократскиот сојуз останува посветен на демократска, просперитетна и европска Македонија, во која ќе се почитуваат слободата, достоинството и правата на секомј граѓанин. Со гордост кон историското наследство, со единство во сегашноста и со одговорност кон иднината! Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ! Вечна слава на борците за слобода!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНесреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!Натпревар од деветтото коло на Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина – Центар, меѓу Горажде и Фамос од Храсница, кој требало да се одигра денес, е одложен по сообраќајна несреќа што ја доживеле гостите на пат кон стадионот! Во еден момент, автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Фамос излетал од патот, а инцидентот предизвикал голема загриженост. За среќа, од Храсница пристигнале охрабрувачки вести – ниту еден фудбалер не е повреден, додека возачот се здобил само со полесни повреди. Иако сите фудбалери поминаа без повреди, стресот и шокот по несреќата оставија последици. Во такви околности, тимот не беше во состојба да настапи на натпреварот, па членовите на клубот се упатија назад кон дома по инцидентот. По повод овој настан се огласи и ФК Горажде, од каде официјално потврдија дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. - Ја известуваме јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот меѓу Горажде и Фамос е одложен. До одложувањето дојде поради сообраќајна несреќа во која учествуваше екипата на Фамос на пат кон Горажде. Поради сите околности и состојбата во која се наоѓа тимот, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително одреден и објавен штом ќе се исполнат сите услови – соопштија од Горажде, упатувајќи благодарност за разбирањето. Најважно е што играчите на Фамос поминале без повреди, а новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително објавен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook