Потрошила половина милион за да изгледа како Ким Кардашијан:Во еден ден имал дури 9 пластични операции (видео) - Канал 5

Потрошила половина милион за да изгледа како Ким Кардашијан:Во еден ден имал дури 9 пластични операции (видео)

Два пати ги зголемувала градите, еднаш усните, направила липосукција, извадила две ребра и во бедрата вбризгала сало за да бидат поголеми.

Потрошила половина милион за да изгледа како Ким Кардашијан:Во еден ден имал дури 9 пластични операции (видео)
Џенифер Памплона (25) е старлета и зависничка од пластичната хирургија, чија цел е да изгледа како Ким Кардашијан.
Таа се прославила уште минатата година поради тоа што во еден ден направила дури девет естетски операции.
YouTube video

Во последната „рунда“ Џенифер по втор пат го оперирала носот, ги извадила филерите од образите и направила 'face lift'. Претходно го зголемила задникот, два пати ги зголемила градите, еднаш усните, направила липосукција, извадила две ребра и во бедрата вбризгала сало за да бидат поголеми.
Се вкупно, Памплона на операции потрошила 500 илјади долари.
-По се сум поприлично задоволна. Понекогаш помислувам дека би било подобро тие пари да го сочував на банкарска сметка, но кога ќе се видам сфаќам колку многу сум среќна“, раскажала Памплона.
По последната низа операции, решила да ги копира и фотографиите на Ким на кои позира потполно гола во пустина.
-Сакав да ги покажам резултатите од се што направив. Ги обожувам фотографиите на Ким, таа за мене е прекрасна, а мислам дека сега и јас сум убава“, додала Џенифер.
Освен што сака да изгледа како Ким таа сака и да живее како неа. Памплона, по потекло од Бразил, сака да докаже дека е можно да се биде „сексапилна и успешна жена“. Неодамна издала нејзина линија парфеми и чоколади.
-На сите, но и на себе, ќе им покажам дека сум жена со самодоверба која може да биде прекрасна, но и снаодлива во претприемништво“, додала.
Памплона минатата година снимала и реално шоу „Куќ ана куклите“ во кое натпреварувачите биле зависници од пластична хирургија.
Двојничката на Ким Кардашија н била модел на Версаче, а станал зависна од естетската хирургија пред три години, кога нејзиниот партнер починал од леукемија.

I love this pic @maxcalifa

A post shared by Jennifer Pamplona (@jenniferpamplona) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонците во Австралија го одбележаа Денот на независноста

Свештеници, претставници на црковните општини и членови на македонската заедница присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата во Канбера

Македонците во Австралија го одбележаа Денот на независноста

Македонците во Австралија достоинствено и свечено го одбележаа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Централното одбележување се одржа во Амбасадата на Македонија во Канбера, каде што се собраа претставници на македонската заедница од повеќе делови на Австралија.

На свечениот прием присуствуваа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, претставници на македонските православни црковни општини, претставници на Австралиско-сиднејската епархија, како и членови на македонски здруженија, организации и други истакнати претставници на македонската заедница во Австралија.

Настанот претставуваше можност за заедничко чествување на еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја, но и за потврдување на силната поврзаност на иселениците со својата татковина. Присуството на претставници од различни македонски организации и црковни општини уште еднаш покажа дека верата, јазикот, културата и националното паметење остануваат цврста основа врз која се гради единството на Македонците во Австралија.

Особено значење на свеченоста ѝ даде претставувањето на новоименуваниот македонски амбасадор во Австралија, Неговата Екселенција г. Стојанче Китаноски. За него ова беше прво одбележување на Денот на независноста во Австралија во својство на амбасадор.

Во своето обраќање, амбасадорот Китаноски изрази благодарност за топлото добредојде и ја нагласи значајната улога на македонската заедница во Австралија. Тој посочи дека, иако далеку од татковината, Македонците остануваат обединети преку заедничката љубов кон Македонија. Македонските иселеници, со својата работа, посветеност и општествен придонес, секојдневно се нејзини достоинствени претставници во Австралија.

Присутните му посакаа добредојде на амбасадорот Китаноски и успешно и плодотворно извршување на неговата дипломатска мисија, со надеж дека во претстојниот период ќе се продлабочат односите и соработката меѓу Амбасадата и македонската заедница.

Свештенството и претставниците на македонските православни црковни општини го истакнаа значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во духовното, националното и културното обединување на Македонците на австралискиот континент. Македонските храмови во Австралија, покрај својата основна духовна мисија, со децении се средишта во кои се негуваат македонскиот јазик, традицијата, културата и врската со татковината.

Одбележувањето во Канбера помина во свечена и пријатна атмосфера, исполнета со заедништво, почит кон минатото и надеж за иднината. Собирот уште еднаш покажа дека македонската заедница во Австралија останува силно поврзана со своите корени и подготвена за заедничко дејствување во интерес на Македонија и на Македонците ширум светот.

По повод Денот на независноста беа упатени искрени честитки до сите Македонци во татковината и во дијаспората, со желби за мир, единство, благосостојба и напредок.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА НА МПЦ – ОА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави видео: Ова се новите бои за „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“

Новите опции за бои ќе бидат една од најзабележителните разлики помеѓу новата линија на „iPhone“ и претходната генерација.

Се појави видео: Ова се новите бои за „iPhone 18 Pro“ и „Pro Max“

Само неколку дена сме од претстојниот настан за лансирање на „iPhone“ на „Apple“, каде што се очекува компанијата да го претстави својот прв преклоплив „iPhone“, заедно со „iPhone 18 Pro“ и „iPhone 18 Pro Max“. Пред настанот, моделите „Pro“ сега се појавија во видео во живо.

Видеото наводно прикажува демо единици на „iPhone 18 Pro Max“ во темно „Dark Cherry“, и „iPhone 18 Pro“ во сина нијанса.

Според неодамнешните протечени информации, линијата „iPhone 18 Pro“ ќе биде достапна во опции темно „Dark Cherry“, „Black“ и „Sky Blue“.

Се очекува бојата „Dark Cherry“, исто така наречена „Burgundy“, да биде главната боја оваа година.

Што се однесува до дизајнот, не се очекува претстојните модели на „iPhone“ да донесат големи промени во споредба со линијата „iPhone 17 Pro“, па затоа новите опции за бои ќе бидат една од најзабележителните разлики. Се шпекулира дека „iPhone 18 Pro“ и „18 Pro Max“ ќе имаат нова главна задна камера со променлив отвор на блендата, заедно со чипсетот „A20 Pro“, нов модем и малку поголеми батерии.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар

На 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. 

Лишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар

Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер