ЗабаваПотрошила милион фунти за да изгледа како Ким Кардашијан: Ме запираат на улица(ФОТО)Британка потрошила околу милион фунти за да личи на Ким Кардашијан.Чали Д.Н., која живее во Лондон, исто така сака да троши на дизајнерска облека и додатоци и го одржува својот младешки изглед со ботокс и полнила и признава дека нејзиниот пластичен хирург побарал од неа да забави. View this post on Instagram A post shared by Chaly D.N (@chalydn) Во интервју за Truly, таа вели дека сфатила дека изгледа како Ким Кардашијан штом ги видела нејзините фотографии. „Почнав да ја следам и мислев дека личи на мене“, рече таа. „Ние всушност имаме сличен стил и сè што гледам на неа и јас сакам да го носам. View this post on Instagram A post shared by Chaly D.N (@chalydn) Повеќе од 4.000 фунти Чали на тој начин потрошила на фустан што го носела Ким, додека за палто дала околу 7.000 фунти. Но, нејзината најголема опсесија се чини дека се чантите, на кои, како што вели, потрошила вистинско мало богатство. „Треба секогаш да ги менувам за да бидам во чекор со Кардашијанс“, рече таа, додавајќи дека е инфлуенсерка и затоа мора да ги следи трендовите. „Морам да ја менувам облеката секоја сезона, па потрошив цело богатство ...“ View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) "Пријателите и семејството ми велат да забавам. Толку многу потрошив на облека и изглед што тие секогаш се загрижени". Но, sвездата на Инстаграм со повеќе од 730.000 фанови вели дека инвестицијата се исплатила. "Луѓето постојано ми велат дека изгледам како Ким. Секој пат кога ќе ме видат на улица, на забава или каде било". View this post on Instagram A post shared by Chaly D.N (@chalydn) „Секогаш ме запираат за да се фотографираат со мене - навистина сакам внимание“. Таа вели дека споредбите со Ким никогаш нема да и досадат. "Таа е најубавата жена на светот. Таа е деловна жена и е толку паметна. Таа е икона". View this post on Instagram A post shared by Chaly D.N (@chalydn) Иако планира да продолжи со козметички процедури за да го задржи својот изглед, вели дека намерно не ја копира Ким - туку изгледа природно. „Немав операција да изгледам како Ким, само ботокс и полнила , а тоа го прават сите“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПентагон го испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот ИстокПристигнуваат 10.000 американски војници на Блискиот Исток. Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека Пентагон испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток и дека американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува следните чекори кон Иран, вклучително и можноста за продолжување на кампањата на бомбардирање по изборите. Ударната група предводена од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во неделата замина од Сан Дијего, носејќи меѓу 9.000 и 10.000 војници, а се очекува да пристигне во регионот во ноември. Не е јасно дали распоредувањето на „Теодор Рузвелт“ ќе послужи за замена на друг носач на авиони во регионот или за зголемување на бројноста на американските сили. Во регионот веќе се наоѓаат носачите на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ и „Џорџ Вашингтон“, кој во август го замени носачот „Абрахам Линколн“ по неговиот долг престој во регионот. „Џорџ Вашингтон“ вообичаено е распореден во Тихиот Океан и е стациониран во Јапонија. Како што е наведено, Пентагон изготви планови „Теодор Рузвелт“ да биде подготвен за долг престој, што вклучува зголемување на залихите на храна, средства за хигиена и други неопходни материјали, како и подобрување на комуникацијата на морнарите со нивните семејства и на условите за живот на носачот. Минатата недела, Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневно примирје, оценувајќи го како неприфатлив. Иран најави дека во тој период ќе го отвори теснецот Хормуз, додека високи претставници на американската администрација тврдат дека САД веќе испорачуваат нафта преку тој стратешки премин. Трамп исто така навести можност за продолжување на бомбардирањето на Иран по изборите на средината на мандатот. „Бидејќи со уништувањето на Иран, создадовме мир во светот“, изјави тој вчера за списанието „Тајм“, додавајќи дека „никогаш не може да има мир“ со Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаО.Карпош: Доделени спортски стипендии за 2026 годинаПо завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година. Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година. Спортските стипендии од Втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година. Списокот на добитници на спортските стипендии за 2026 година можете да го погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/usWM6. Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули анВо рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години. Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева. Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти. Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк. Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook