Потрошил 100.000 евра за кревет: Шта да им правам на толку многу жени? (ВИДЕО) - Канал 5

Потрошил 100.000 евра за кревет: Шта да им правам на толку многу жени? (ВИДЕО)

Човек по име Артур О Урсу, кој има шест сопруги, потрошил 90.000 фунти за градење на шестметарски кревет бидејќи стариот му станал тесен.

Потрошил 100.000 евра за кревет: Шта да им правам на толку многу жени? (ВИДЕО)

Во еден момент имал дури девет жени, но минатата година четири од нив го напуштиле. Неодамна пристигнала шестата, 51-годишната Олинда Марија.

Артур нарачал кревет од шест на два метри бидејќи немало повеќе место за него.

- Идејата за креветот дојде поради просторот. Многу пати морав да спијам на под за да им направам место на моите сопруги, изјавил Бразилецот.

Неговиот необичен начин на живот започнал во 2021 година кога решил да има отворена врска со сопругата, свингерката Лијана.

Тој ја официјализирал својата врска во Католичката црква, иако тоа не е правно обврзувачки бидејќи полигамијата е нелегална во земјата.

Артур редовно објавува фотографии и видеа кои го следат неговиот живот, но споделува и совети за сексот и заработува 50.000 фунти месечно преку еротскиот сајт OnlyFans.

Тој претходно изјавил дека закажува секс за да биде во тек со потребите на своите сопруги.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер