Потресно сведоштво: Одев од врата до врата и објаснував зошто моравме да ги јадеме пријателите! - Канал 5

Потресно сведоштво: Одев од врата до врата и објаснував зошто моравме да ги јадеме пријателите!

Еден од преживеаните патници на авионот кој во 1972 година се урна во Андите напиша книга за потресното искуство на оние кои на загинаа, а преживеаја благодарение на тоа што јадеа од загинатите сопатници.

Потресно сведоштво: Одев од врата до врата и објаснував зошто моравме да ги јадеме пријателите!
Роберто Канеса во 1972 бил 19 годишен студент, еден од 16-те преживеани по падот на авионот. Од 45 лица колку што имало во авионот, по падот и во 72-та дена чекање на помош, загинаа 29 лица. Авионот ја превезувал рагби екипата на уругвајски студентски клуб.

Never the same again: The last eight survivors of an Uruguayan Air Force plane crash in the Andes huddle in the craft's fuselage on their final night before rescue

По два месеца чекање на помош која не дошла, Роберто и уште еден пријател тргнале по планината во надеж дека ќе најдат некој што ќе им помогне.

- Се поздравувме и кога почна да осамнува тргнавме во нашиот смртоносен поход. Имавме повеќе слоеви на облека кои ги навлековме на себе без проблем бидејќи изгубивме доста на тежина. Носевме смрзнато човечко месо кое го отсековме со голема мака во душата од телата на нашите замрзнати пријатели. Планината стоеше пред мене и пред мојот пријател Нандо како ѕид. На исток, запад, север и југ немаше ништо друго освен мраз, снег и планини. Мислев дека сме сигурно мртви. Бев во очај - пишува Роберто Канеса во својата книга „Морав да преживеам“ која наскоро ќе биде издадена.

Тој понатаму објаснува дека по 7 дена пешачење кога веќе биле убедени дека ќе умрат, сретнале каубоец на коњ од другата страна на реката.

- Викавме - авион, авион, којзнае како му изгледавме. Тој само ни одговори - утре. Следниот ден пак дојде и ни фрли камен со парче хартија, а Нандо му напиша кои сме и што се случило. Потоа дојде човек со два коња по нас, рече дека се вика Армандо и го праќа каубоецот Серџо Каталан - пишува Канеса.

Roberto Canessa (pictured in 2008) was a 19-year-old medical student travelling with his teammates from the Christian Brothers College rugby squad when their plane crashed over the Andes in October, 1972Dr Canessa pictured in the aftermath of the horrific plane crash



- Кога дојдов дома во Уругвај, одев од врата до врата во куќите на моите пријатели и им објаснував на нивните семејства што се моравме да преживееме и зошто моравме да го сториме тоа што моравме да го сториме, за да преживееме - вели Канеса.


Тој опишува дека ги посетил Густав и Ракел Николич, чиј син бил тешко повреден и починал во лавина која го погодила авионот по несреќата. Кога сфатил дека ќе умре, тој и напишал писмо на својата девојка во кое вели дека „на крајот од краиштата само душата е важна“ и дека своето тело го нуди на „оние кои имаат шанси да преживеат“ - пишува Дејли меил.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Оваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе.

Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’.

Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор.

Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев.

Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници.

Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности.

,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,,

Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер